„10.000 години п.н.е“ (анг. 10,000 BC) е драма – филм од 2008 год. Филмот е сместен во времето на праисторијата. Премиерата на филмот беше во Берлин, Германија. А кино премиерата на 7 март во САД.
Синопсис Во едно планинско племе, младиот ловец Д’Ли ќе се вљуби во убавата Еволет. Но, кога банда мистериозни воини ќе го нападнат нивното село и ќе ја киднапираат Еволет, Д’Ли ќе собере помала група ловци, со кои ќе тргнат да ги пронајдат и да ја ослободат. Потрагата ги води по непознати предели, каде дотогаш никој од нивното племе нема стапнато. Таму оваа група ловци откриваат дека не се сами како што веруваат, односно постојат и други племиња кои се поинакви од нив. При секоја средба, на групата од Д’Ли им се придружуваат нови членови од племињата што биле напаѓани и ограбувани од воините. Така малата група ловци станува армија. Во текот на нивното патешествие тие мора да се соочат со мноу предизвици и опасни ситуации. Д’Ли при тоа сфаќа дека неговата мисија не е само да ја спаси Еволет, туку и целата цивилизација.
Глумци ЛиковиСтивен Стреит Д’ЛиКамила Бели ЕволетКлиф Куртис Тик ТикЏоел Виргел НакудуАфиф Бен Бадра ВарлордМо Зинал Ка’РенНатанаел Барин Баку Наводи
Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Драма филмови