мини|Македонска фолклорна ракотворба (ќилим) Во фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, легендите, раскажаната историја, хуморот, популарните верувања, обичаите, и сè она што го опфаќаат културата, подкултурата и традицијата на одреден народ. Исто така, тоа претставува склоп на обичаи преку кои овие изразни жанри се споделуваат. Академските и етнографските студии на фолклорот се нарекуваат и фолклористика.
За потеклото на поимот Зборот фолклор, за првпат бил употребен од англискиот антиквар Вилијам Томс, значи folk - во превод од англиски народ и lore - знаење, мудрост, во едно писмо објавено од лондонскиот весник Athenaeum во 1846 година. Кога се употребуваат термините фолклор и митологија ќе се забележи дека не постои некоја значителна разлика.
Типови фолклор Фолклорот, според истражувањата може да се подели во четири основни области: ракотворби (на пример вуду кукли), описна и преносна суштина (раскажана традиција), култура и однесување (ритуали). Овие области не опстојуваат сами, напротив, многу често некој елемент или предмет може да се вброи во некоја од тие области.
Фолклорна уметност (Ракотворби) По своите одлики, фолклорот не е близок до фината уметност. Меѓутоа, многу американски сликари на фолклорна уметност од XVIII и XIX век заработувале од нивната професија. Термини кои се поклопуваат со терминот фолклорна уметност се : природна уметност, поп уметност, аматерска уметност, традиционална уметност, племенска уметност,самоука уметност, дури и уметност на „работничката класа“. Како што може да се очекува секој од овие поими има различна конотација,но тие сите меѓусебно се поврзуваат со терминот фолклорна уметност што е поим за кој е тешко да се најде најточна дефиниција. Фолклорната уметност изразува културен идентитет преку тоа како се споделуваат и пренесуваат вредностите и естетиките на една заедница.Таа опфаќа функционална и описна средина,во која спаѓаат материјали, дрво, хартија, глина, метал и друго. Ако традицiоналните материјали се недостапни, тогаш тие се заменуваат со нови што резултира со современ израз на традиционалните форми на фолклорната уметност. Фолклорната уметност користи традиционални уметнички форми од различни општествени групи-етничката, племенската, религиската, професионална, географска,група заснована на возраст и пол –групи кои се идентификуваат во голема мера меѓусебно и со општеството. Фолклорните уметници учат традиционални вештини и техники преку стажирање во неформални опкружувања иако имаат можности и за формално образование. Фолклорот како описна и преносна суштина (Раскажана традиција)
Религија и митологија Фолклорот може да содржи митолошки или религиски елементи и се занимава со понекогаш недуховни традиции од секојдневниот живот. Фолклорот често ги поврзува практичното и мистериозното во една описна целина. Многу често е помешуван со митологијата и обратно, затоа што се сметало дека било која сликовита приказна што не припаѓа на народните верувања од тој период го нема истиот статус како народните верувања. Поради тоа Римската религија христијаните ја нарекуваат митологија. Затоа митот и фолклорот претставуваат сеопшти поими за сите сликовити раскажувања кои не одговараат на структурата на домашните верувања. Понекогаш фолклорот е религиозен по природа како на пример во приказните на Велш, Mabinogion или како во исландската скалдичка поезија. Повеќето од приказните во Златната легенда (латински: Legenda aurea или Legenda sanctorum) од Јаков Варогински исто така ги изразуваат фолклорните елементи во христијанскиот концепт. Од друга страна, приказните за Один имаат религиска вредност за нордиската култура која ги создава овие приказни но тие не припаѓаат во христијанскиот склоп па затоа христијаните наместо религиски ги нарекуваат фолклористички.
Народни легенди, преданија и приказни десно|мини|284x284пкс|Јованче и Марика (илустрација Артур Ракам), 1909
Фолклорни приказни е општ термин за различните видови на традиционалните раскажувања. Раскажувањето на овие приказни е слично на една универзална култура и е блиско до традиционалните и сложените општества. Дури и облиците на фолклорните приказни секако се повеќе или помалку слични во секоја култура а за тоа сведочат и компаративните студии што се занимаваат со овие тематики и раскажувачки методи. За овие приказни исто така се смета дека се и усно раскажани приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Од друга страна, фолклорот точно го определува описното раскажување во кое не постои света или религиска содржина. Според Јунговите сфаќања, според неговиот метод на анализа, фолклорот може да се однесува на несвесни психолошки шеми, инстинкти или архетипови на умот. Ова мислење може но не мора да содржи фантастични елементи (како магија, нереални суштества или персонификација на неживи предмети). Овие фолклорни приказни можат но не мора да потекнуваат од религиска традиција, но и покрај тоа обработуваат одредени психолошки теми. Познатата фолклорна приказна „Јованче и Марика“ е пример за оваа поврзаност. Изразната цел на оваа приказна од една страна може да се толкува како недуховна ако се зборува за заштитата на шумите а од друга страна како поучна приказна ако се зборува за стравот од глад во големите фамилии. Може да постои морален и психолошки поглед на работите,а тие може да имаат и забавна страна, во зависност од тоа кој раскажува, во кој стил раскажува, возраста на публиката, и од целокупната изведба.Фолклористите во основа одбиваат универзална интерпретација на раскажувањата и повеќе сакаат да ги анализираат усно раскажаните верзии во одреден контекст, отколку пишаните бидејќи во нив се одразува пристрасноста на писателите.
Урбаните легенди како дел од фолклорот Современите раскажувања, најмногу на Западот, содржат и урбани легенди. Постојат повеќе облици на фолклорот, кои се толку секојдневни, што луѓето не знаат дека припаѓаат на фолклорот а тие се загатки, детска рима и приказни за духови, гласини (како и теории за заговор), озборувања, етнички стереотипи, празнични обичаи и животни ритуали. Раскажувањата за грабнувања од НЛО, фигурираат во приказните од претхристијанска Европа а такви приказни се среќаваат дури и во Библијата при искачувањето на пророкот Илија во рајот. мини|Поштенска марка од СССР со илустрација од народната руска приказна Василиса Прекрасна
Истражувањата на фолклористите Мејор и Проп Фолклористката Адриен Мејор во нејзината библиографија на оваа тема,забележува дека повеќето модерни фолклористи се несвесни за класичните паралели и претходни настани кои се делумно претставени во познатите басни на Езоп. Според Мејор, старата грчка и римска литература содржи богата ризница на фолклор и популарни верувања од кои многу имаат удел во современите легенди. Класичните истражувања на Владимир Проп под име „Морфологија на фолклорните приказни“ (1928) стана темел на истражувањето на структурата на фолклорните текстови. Проп открил еднолична структура во руските бајки. Неговата книга е преведена на англиски, италијански, полски и други јазици. Англискиот превод бил објавен во САД во 1958 година, 30-тина години по издавањето на оригиналот. Иако неговите истражувања се засновале на синтагматската структура, дале поглед со кој може да се разбере структурата на фолклорната приказна за којашто Проп пронашол триесет и една употреба.
Култура
Материјална култура лево|мини|198x198пкс|Трите мудри мајмуни, скулптура Елементите како што се куклите, украсните предмети кои се употребуваат во религиски ритуали, рачно изградените куќи и шталите, рачно изработените облеки и другите занаети се сметаат за фолклорни артефакти, групирани во полето познато како „материјална култура“.Освен тоа, фигурите кои ги отсликуваат фолклорните карактери, како што е статуата Трите мудри мајмуни, може да се сметаат за фолклорни артефакти во зависност од тоа на кој начин се употребуваат во една култура. Дефиницијата ќе зависи од тоа дали артефактите се употребуваат и ценат истото општество во кое се изработени, и дали ја исполнуваат на општествената естетика.
Културата како фолклор Фолклористот Вилијам Беском (1912–1981) тврди дека фолклорот има многу културолошки аспекти, како на пример дозволата за бегство од општествените последици. Покрај тоа, фолклорот служи за да ја озакони културата, како и за да ги пренесе моралите и вредностите на една култура.Фолклорот исто така може да биде извор на многу културолошки видови на музика. Народната, кантри, блуз и етно музиката, сите потекнуваат од американскиот фолклор. Бројни изведувачи користеле фолклор во својата музика. Еден од попознатите кој црпи од светскиот фолклор и од оној на Балканот е изведувачот Горан Бреговиќ. Фолклорот исто така се користи за да потврди одредени општествени притисоци, или за да ги ублажи, ако имаме ситуација на хумор или карневал. Со оглед на ова, фолклористите ги истражуваат медицинските, натприродните, религиските и политичките системи на верувања, како значителни и често неискажани делови на експресивната култура.
Поведение
Однесувањето како фолклор десно|мини|285x285пкс|Постојат бројни фолклорни верувања и адети поврзани со црната мачка како симбол на несреќа или среќа. Многу ритуали понекогаш се сметаат за фолклор, без разлика на тоа дали се создадени во некој културно-религиозен систем како свадби,крштевања, жетварски прослави или се практикуваат во семејна средина. На пример, во одредени делови на Америка ( и во други земји) обичај е да се стават нож или ножици под душекот на родилката за да „се ослободи од маките при раѓањето“. Затоа, детските игри на среќа (на пр. фрлање паричка) се сметаат како вид на фолклорно однесување. Овој вид фолклорно однесување, во македонската традиција се нарекува адет. Постојат бројни адети врзани за разни семејни прослави или верски празници.
Фолклорна религија Фолклорната религија се состои од етнички или религиски обичаи на една област споени во т.н општа религија, но издвоени од класичната догма. Дон Јодер (1921-2015) ја дефинирал фолклорната религија како „севкупоност од сите погледи и практики на религијата кои постојат меѓу луѓето но настрана од строгите теолошки и литургиски форми на официјалната религија“. Фолклорната религија исто така вклучува и една архаична а сепак модерна мешавина од вродената религија и од општата религија. Фолклорното христијанство , фолклорниот хиндуизам и фолклорниот ислам се примери за поврзаноста на фолклорот со поголемите религии.
Магија и религија Има три гледишта околу тоа како магијата и религијата се поврзани. Едно, дека магијата е деградирана форма на религија, друго дека религијата се изродила од магијата и третото е дека тие две нешта се посебни системи кои никако не се поврзани еден со друг. Верувањето во магија како средство со кое се влијае врз универзумот е општоприфатено во сите култури. Некои од овие верувања преминале во нови религии, во влијателни обреди и религиски прослави. Со текот на времето, религиски-заснованите натприродни настани (познати како чуда) се здобиле со сопствен тип и така се одвоиле од стандардната магија. Некои модерни религии како неопаганството имаат поврзаност со магијата, додека останатите содржат само бледи остатоци. За разлика од другата магија (овде мора да се спомне и волшебништвото кое е издвоено од божествените и од природните извори; ова е поврзано со таоизмот), магијата на религиска основа секогаш се повикува на божество или повеќе божества за да се постигне посакуваниот ефект. Дали тоа божество ќе се појави, зависи само од него. Неговиот молител во оваа ситуација е немоќен (освен ако тој нема духовна моќ да зборува на божествениот јазик).
Антиквитет Главна статија: Старина