Георги Димитров роден Георги Димитров Михајлов, познат како Георги Михајлович Димитров во Русија (Ковачевци, 18 јуни 1882 — РСФСР, 2 јули 1949) — политичар од Бугарија со македонско потекло,Виктор Цветаноски, „Македонците крем на бугарското општество“ (4), „Георги Димитров комунист со светски маштап“, „Утрински весник“, број 2860, петок, 12 декември 2008. раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт. Поради неговите промакедонски ставови тој е претставен како предавник во псевдоисториската бугарска историографија.
Животопис мини|лево|Димитров во 1911 година
Рана политичка кариера Димитров станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија во 1902 година, а следната година, кога настанува расцеп во партијата на тесни и широки социјалисти, Димитров се приклучува кон крилото на тесните социјалисти. Во 1909 станува член на ЦК на БСДРП и секретар на Сојузот на револуционерни синдикати на Бугарија.
По Октомвриската револуција бугарските тесни социјалисти се приклучуваат кон Коминтерната, а на нејзиниот Трет конгрес зема учество и Димитров. По неуспешното Септемвриско востание во 1923 година во Бугарија, Димитров е осуден на смрт и е принуден да пребегне во СССР. Таму зема учество во апаратот на Коминтерната, но од 1929 до 1933 година тој е немилост кај Сталин и советското раководство поради несогласувањето со политиката на Коминтерната кон социјалдемократијата и фашизмот по 1928 година.
Лајпцишки процес По пожарот во Рајхстагот во Берлин на 27 февруари 1933 година, германските власти ги обвиниле комунистите за организирање заговор против државата и започнале масовни апсења и политички прогони. Во врска со пожарот биле уапсени холандскиот комунист Маринус ван дер Лубе, германскиот комунист Ернст Торглер како и Георги Димитров, Васил Танев и Благој Попов. Нивното судење, одржано пред Врховниот суд на Германија во Лајпциг од 21 септември до 23 декември 1933 година, е познато како Лајпцишки процес. лево|мини|Димитров (стои во позадина десно) за време на своето излагање на судењето за пожарот во Рајхстагот, 1933 година. Процесот привлекол големо меѓународно внимание, бидејќи националсоцијалистичката власт настојувала да докаже дека пожарот претставувал дел од организиран комунистички заговор. Особено внимание предизвикал Георги Димитров, кој одбил адвокатска одбрана и самиот се застапувал пред судот. За време на постапката тој ги оспорувал доказите на обвинителството и водел остри расправи со високи претставници на националсоцијалистичкиот режим, меѓу кои и Херман Геринг.
На 23 декември 1933 година судот го прогласил Маринус ван дер Лубе за виновен и го осудил на смрт, додека Ернст Торглер, Георги Димитров, Васил Танев и Благој Попов биле ослободени поради недостиг на докази. Пресудата претставувала неуспех за обидите на националсоцијалистичката власт да докаже постоење на меѓународен комунистички заговор поврзан со пожарот. Настапот на Димитров останал запаметен како еден од најпознатите примери на јавно спротивставување на националсоцијалистичкиот режим во неговите рани години. Имајќи го предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943.
Премиер на Бугарија мини|200п|Јосиф Сталин и Георги Димитров во 1936 година.По доаѓањето на власт на Татковинскиот фронт во Бугарија во септември 1944 година, Димитров останува во СССР, а во Бугарија се враќа откако таа е прогласена за народна република, по референдумот од 15 септември 1946 година. Набрзо, во ноември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија.
Во декември 1946 во Бугарија бил извршен првиот повоен попис на населението. Првпат во историјата на Македонците во Бугарија им било дозволено слободно да ја изразат својата национална определба.Документи за пописот на населението во Пиринска Македонија 1946 година Бугарската историографија се обидува да изгради негативен лик на Димитров како божемен предавник на бугарската национална идеја.Българско историческо дружество - „Исторически преглед“, София, 1990, Институт за история към Българската академия на науките, стр. 55/56Добрин Мирчев - „Македонския въпрос в българо-югославските отношения“, София, 1994, Университетско издателсвто „Св. Климент Охридски“, стр. 277Веселин Ангелов - „Премълчани истини: Лица, събития и факти от българската история (1941-1989)“, София, 2005, ИК „Анико“, стр. 9 Македонската историографија Димитров го цени како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност.Георги Димитров, Македонски крем на бугарското општество Во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија.
Поврзано Мавзолеј на Георги Димитров Димитровград (Русија) Димитровград (Србија)
Наводи
Надворешни врски
Биографија Писмо од Георги Димитров до Централниот комитет на Македонскиот народен сојуз, 1934. Писмо од Димитров до Тито , 28 јули 1944. Георги Димитров - говори и статии за македонското прашање
Категорија:Премиери на Бугарија Категорија:Бугарски политичари од Македонија Категорија:Дејци на БКП Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Починати во 1949 година Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Партизани од Бугарија Категорија:Македонски партизани