Зборот перспектива има барем три значења:

Перспектива (визуелна) се однесува на дел од информацијата во визуелната сцена што му овозможува на набљудувачот да ги согледа растојанијата и величините на предметите. Специфични типови на перспектива во визуелна перцепција се линеарна перспектива, текстурно прелевање и воздушна перспектива. Перспектива (графичка) се однесува на графичка презентација на предметите на рамнинска површина при што се добива илузија дека предметите се во тридимензионален простор. Перспектива (когнитивна) се однесува на теорија на спознание во која изборот на контекст или повикување (или резултатот на овој избор) влијае на тоа како расудуваме, мериме и кодифицираме, типично во компарација со друга личност. Поединец може да препознае број на суптилно различни значења, блиски до точка на гледиште, Weltanschauung, и парадигма.

Клучната идеја што ги обединува овие типови на перспектива е дека човечкото искуство е тесно врзано со точката на гледиште на поединецот.