Аристотел (; 384 — 322 пне.)That these undisputed dates (the first half of the Olympiad year 384/383 п.н.е., and in 322 shortly before the death of Demosthenes) are correct was shown already by August Boeckh (Kleine Schriften VI 195); for further discussion, see Felix Jacoby on FGrHist 244 F 38. Ingemar Düring, Aristotle in the Ancient Biographical Tradition, Göteborg, 1957, . — филозоф и научник роден во македонскиот град Стагирa, на полуостровот Халкидик, недалеку од денешното село Казанџи Маала. Неговиот татко, Никомах, умрел додека Аристотел сè уште бил дете, за подоцна Проксен да стане негов старател. На осумнаесет години, тој се придружил на Платоновата академија во Атина и останал таму сè до неговата триесет и седма година (приближно 347 п.н.е.). Неговите дела покриваат многу теми меѓу кои: физика, биологија, зоологија, метафизика, логика, етика, естетика, поезија, театар, музика, реторика, лингвистика политика и, кои претставувааат првиот сеопфатен систем на европската филозофија. Набрзо по смртта на Платон, Аристотел ја напуштил Атина и по барање на Филип II Македонски, го подучувал Александар Велики почнувајќи од 343 година п.н.е.Bertrand Russell, A History of Western Philosophy, Simon & Schuster, 1972. Според Енциклопедија Британика, „Аристотел бил првиот вистински научник во историјата... секој научник му е нему должен."

Александар го посетувал Аристотеловото училиште во тогашниот град Миеза наречено Миески нимфеј, западно од денешното село Копаново, Негушко. Подучувањето на Александар во му донело многу можности и изобилство на материјали. Тој основал библиотека во Ликеј којашто овозможила објавување на стотици негови книги. Фактот дека Аристотел бил ученик на Платон придонел за неговите поранешни погледи за платонизмот, но по смртта на Платон, Аристотел се впуштил во емпириски проучувања и се пренасочил од платонизмот кон емпиризмот. Аристотеловото гледиште за природните науки претставува основа на многу од неговите дела.

Аристотеловото гледиште за физичката наука длабоко влијаело на средновековната мисла. Влијанието се провлекло и во ренесансата и не било систематски заменето сè до просветителството и теориите како класичната механика. Некои од Аристотеловите зоолошки набљудувања, како што е хектокотилната (репродуктивна) рака на октоподот, не биле потврдени или одбиени сè до XIX век во нововековната наука. Во метафизиката, аристотелизмот длабоко влијаел врз еврејско-исламските филозофски и теолошки мисли за време на средниот век и подолжил да влијае врз христијанската теологија, особено схоластичката традиција на католичката црква. Аристотел бил добро познат помеѓу средновековните муслимански интелектуалци и почитуван како „Првиот учител“ ().

Неговата етика, иако секогаш влијателна, се здобила со голем интерес со современото доаѓање на доблесната етика. Сите гледишта на Аристотеловата филозофија остануваат да бидат предмет на активно изучување и до денес. И покрај тоа што Аристотел напишал многу елегантни расправи и дијалози, Цицерон го опишал неговиот книжевен стил како „златна река“. Се смета дека само третина од неговиот труд е зачувана.Jonathan Barnes, "Life and Work" in The Cambridge Companion to Aristotle (1995), .

Живот Аристотел, чие име значи „најдобрата цел“, се родил во 384 пне. во Стагира (кај денешно Казанџи Маала), Халкидик, околу 55 км источно од денешен Солун. Неговиот татко Никомах бил личен лекар на Аминта III Македонски. Иако малку се знае за детството на Аристотел, тој веројатно поминал некое време во македонската палата, запознавајќи се за првпат со македонската монархија.Anagnostopoulos, G., "Aristotle's Life" in A Companion to Aristotle (Blackwell Publishing, 2009), .

Кога имал осумнаесет години, Аристотел отпатувал во Атина за да го продолжи своето образование во Платоновата Академија. Тој таму останал речиси дваесет години пред да ја напушти Атина во 348/47 година пне. Традиционалната приказна кажува дека неговото заминување се должи на разочарувањето од предавањето на Академија во рацете на внукот на Платон, Спевсип, иако е можно тој да стравувал од антимакедонските чувства и заминал пред да умре Платон.Carnes Lord, introduction to The Politics by Aristotle (Chicago: University of Chicago Press, 1984).

Потоа Аристотел го придружувал Ксенократ до судот на својот пријател Хермиј во Мала Азија. Таму, тој патувал со Теофраст до островот Лезбос, каде заедно ја истражувале ботаниката и зоологијата на островот. Аристотел се оженил со Питија, посвоена ќерка или внука на Хермиј. Таа му родила ќерка, кои исто така ја именувале Питија. Набрзо по смртта на Хермиј (кому му подигнал олтар)Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 180., Аристотел бил поканет од Филип II да биде учител на неговиот син Александар Македонски во 343 година п.н.е.

Аристотел бил назначен за глава на Македонската кралска академија. Во тој период тој предавал не само на Александар, туку и на двајца други идни цареви: Птоломеј и Касандар.Peter Green, Alexander of Macedon, University of California Press Ltd. (Oxford, England) 1991, Аристотел го охрабрил Александар за источното освојување и неговиот однос кон Персија бил непоколебливо заштитнички настроен кон грчките соседи. Во еден популарен пример, тој го советува Александар да биде „водач на Грците и деспот на варварите, да се грижи за едните како за што се грижи за неговите пријатели и роднини и да се справи со другите како со ѕверови и растенија“.

Во 335 година пне, Аристотел се вратил во Атина, основајќи своја школа таму позната како Лицеј. Аристотел држел предавања во школото наредните дванаесет години. Додека бил во Атина, неговата жена Питија умрела и Аристотел стапил во односи со Херпилиса,Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 118. која му родила син кого го именувал по неговиот татко, Никомах. Според енциклопедијата Суда, тој исто така имал и љубовник, Палаефат.William George Smith,Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, ,

Периодот додека бил во Атина, помеѓу 335 и 323 година пне, се смета за период во кој Аристотел создал моногу негови дела. Тој пишувал многу дијалози од кои само делови се зачувани. Оние делови кои се зачувани се трактати и не биле наменети за распространето објавување. Општо се смета дека биле помагала на неговите ученици при предавање. Неговите најважни трактати се: Физика, Метафизика, Никомахова етика, Политика, За душата и Поетика.

Аристотел не само што го проучувал речиси секој предмет што е можно, туку и дал огромен придонес за повеќето од нив. Во физичката наука Аристотел изучувал анатомија, астрономија, ембриологија, географија, геологија, метеорологија, физика и зоологија. Во филозофијата, тој пишувал за многу предмети како што се: естетика, етика, власт, метафизика, политика, економија, психологија, реторика и теологија. Тој исто така го проучувал образованието, странските обичаи, книжевноста и поезијата. Неговиот севкупен труд претставува виртуелна енциклопедија на грчкото знаење.

При крајот на неговиот живот, Александар и Аристотел биле странци во поглед на односот на Александар со Персија и Персијците. Широко позната традиција во антиката искажува сомнеж дека Аристотел е поврзан со смртта на Александар, но постојат малку докази.Peter Green, Alexander of Macedon, University of California Press Ltd. (Oxford, England), 1991, and 459. На пример, Плиниј го обвинил Аристотел дека го отрул Александар.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 200.

По смртта на Александар, антимакедонското расположение во Атина се вратило. Во 322 година пне, Евримедон Хиерофантски го осудил Аристотел затоа што не ги чествувал боговите, принудувајќи го да избега на семејниот имот на неговата мајка во Халкида, објаснувајќи: „Нема да дозволам Атињаните двапати да направат грев против филозофијата“,Vita Marciana 41, cf. Aelian Varia historica 3.36, Ingemar Düring, Aristotle in the Ancient Biographical Tradition, Göteborg, 1957, T44a-e.обраќање кон Атињаните пред пресудата и погубувањето на Сократ. Тој починал во Евбеја од природна смрт, назначувајќи го неговиот студент Антипатар за главен извршител и оставил тестамент во кој барал да биде погребан до неговата жена.Aristotle's Will, Aufstieg und Niedergang der römischen Welt by Hildegard Temporini, Wolfgang Haase.

Чарлс Болдштајн тврди дека гробот на Аристотел се наоѓа на светиот пат меѓу Халкида и Еретрија и дека содржи две игли за пишување, перо, печат-прстен, теракота како и тоа што би требало да биде, земјени остатоци од Аристотел во форма на черепни остатоци.See The Politics of Aristotle translated by Ernest Barker, Oxford: Clarendom Press, 1946, p. xxiii, note 2, who refers to Corpus Inscriptionum Graecarum, vol. xii, fasc. ix, s.v. Eretria.

Во глсвно, деталите за животот на Аристотел не се добро осознаени. Биографиите за Аристотел напишани во древните времиња се често шпекулативни и историчарите се согласуваат само за неколку клучни точки.See Shields, C., "Aristotle's Philosophical Life and Writings" in The Oxford Handbook of Aristotle (Oxford University Press, 2012), . Düring, I., Aristotle in the Ancient Biographical Tradition (Göteborg, 1957) is a collection of [an overview of?] ancient biographies of Aristotle.

Филозофска мисла Аристотеловата логика Аристотеловата логика е заснована врз законот на идентитет („А е А“), на законот на противречноста („А не е не-А“) и на законот на исклучување на третото („А не може да биде А и не-А, ниту А ни не-А“). Таквото гледиште е изложено јасно во следнава реченица од неговото дело „Метафизика“ (1005б): „Невозможно е едно исто истовремено да му припаѓа и да не му припаѓа на истото и во истата смисла. И ако другите одлуки можеме да му ги додадеме на тоа начело за да им се спротивставиме на дијалектичките приговори - да го направиме тоа. Според тоа, тоа е најсигурното од сите начела...“Erih From, Umeće ljubavi. Beograd: Vulkan, 2017, стр. 105-106.

Аристотеловата епистемологија Како и неговиот учител Платон, филозофијата на Аристотел се стреми кон универзалното, односно општоста. Онтологијата на Аристотел, универзалното го гледа во поединечните нешта, кои тој ги нарекува суштината на нештата, додека во Платоновата онтологија, универзалното постои независно од поединечните нешта и е поврзано со нив како нивен прототип. За Аристотел, епистемологијата е основана врз проучувањето на поединечни феномени и достигнува до познавањето на суштината, додека за Платон епистемологијата започнува со знаењето за поединечни копии на истите. За Аристотел, „формата“ сè уште ја означува безусловната основа на појавата, но „посочува“ кон поединечната материја. Во појасна смисла, Аристотеловиот метод е истовремено индуктивен и дедуктивен, додека оној на Платон е првенствено дедуктивен поради а priori принципи.

Никомаховата етика