Русија (), службено: Руска Федерација (Российская Федерация) — земја која се простира на огромни пространства од Источна Европа и Северна Азија. Со површина од 17.075.400 км2, Русија е најголемата земја во светот (околу 11,5 % од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144,526,378 жители) Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан.

Порано доминантна република во Сојуз на Советските Социјалистички Републики (СССР), Русија сега е независна земја и влијателен член на Заедницата на независни држави (ЗНД) од распадот на СССР во декември 1991 година. За време на советскиот период, Русија официјално се нарекува: „Руска Советска Федеративна Социјалистичка Република“ (РСФСР). Русија се смета за наследник на Советскиот Сојуз како во економски, така и во дипломатски рамки.

Поголемиот дел од површината, популацијата и индустриското производство на Советскиот Сојуз, еден од двете велесили, се наоѓаат во Русија. После распадот на Советскиот Сојуз, глобалната улога на Русија во светот во голем дел исчезна. Во октомври 2005 година, федералната агенција за статистика објави дека руската популација се намалила за повеќе од 500.000 луѓе таа година, со што целосната бројка изнесувала 143 милиони иако Русија е втора држава по бројот на имигранти во светот.

Најголемата површина, население и индустриско производство на некогашниот СССР, некогашната светска велесила, отпаѓа на Русија. Поради тоа, и по распадот на Советскиот Сојуз, Русија игра значајна улога на светската сцена. Оваа улога, иако значајна, е далеку од улогата на некогашниот СССР. Денес Руската Федерација е земја која прави големи чекори во сите области од општественото живеење. Се забележуваат големи стапки на раст во сите државни сфери од која највлијателна е економската сфера каде за 4 години е забележан раст од околу 25%. Руската Федерација денес е блиску до точката на економска активност од 1989 година.

Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска Област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северноледен и Тихи Океан. Русија исто така има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.

Главен град на Русија е Москва, службен јазик е рускиот јазик.

Историја

Рана историја

За време на праисториската епоха, огромните степи во јужна Русија биле населени номадски племиња. Во класичната антика, народите на Понтиските степи биле познати како Скити. Градот Гелон бил опишан од страна на Херодот како еден од најголемите во тоа време во Европа. Помеѓу 3 век п.н.е. и 6 век п.н.е., на овие простори опстојувало Боспорското царство,Gocha R. Tsetskhladze (ed), The Greek Colonisation of the Black Sea Area: Historical Interpretation of Archaeology, F. Steiner, 1998, p. 48. ISBN 3-515-07302-7. управувано главно од грчките колонии. Царството се растурило по инвазијата на Номадите Peter Turchin, Historical Dynamics: Why States Rise and Fall, Princeton University Press, 2003, pp. 185–186. ISBN 0-691-11669-5.. Туркскиот народ хазари владееле на територијата помеѓу Касписко Море и Црно Море до 8 век.David Christian, A History of Russia, Central Asia and Mongolia, Blackwell Publishing, 1998, pp. 286–288. ISBN 0-631-20814-3.

Предците на Русите биле Словенските племиња, чија прататковина (според некои научници) се смета дека се Припјатските блата.For a discussion of Slavic origins, see Paul M. Barford, The Early Slavs, Cornell University Press, 2001, pp. 15–16. ISBN 0-8014-3977-9. Раните источни словени постепено се населиле во Западна Русија две насоки: првите се населиле од Киев кон денешниот град Суздаљ и Муром а другите од Полоцк кон Новгород и Ростов.David Christian, op cit., pp. 6–7. Од 7 век па натаму, источните словени конструирале дел од населението во денешна Западна Русија.

Киевска Русија

thumb|Киевска Русија во 11 век

Скандинавските Викинзи, познати и како ВарјазиSee, for instance, Viking (Varangian) Oleg and Viking (Varangian) Rurik at Енциклоепдија Британика. во Северна Европа создале една од најцивилизираните општества во тоа време. Во средината на 9 век, тие започнале да се упатуваат од Балтичко до Црно и Касписко Море.Dimitri Obolensky, Byzantium and the Slavs, St Vladimir's Seminary Press, 1994, p. 42. ISBN 0-88141-008-X. Според Првиот руски летопис, Варјагот (Викинг) Рурик бил избран за првиот владетел (Голем кнез) на Новгород во околу 860 година, пред неговите наследници да се преселат на југ кон Киев,James Westfall Thompson, and Edgar Nathaniel Johnson, An Introduction to Medieval Europe, 300–1500, W. W. Norton & Co., 1937, p. 268. каде претходно веќе доминирале Хазарите.David Christian, Op cit. p. 343.

Така во текот на 9 век била создадена првата источнословенска држава која се викала Киевска Русија, која се наоѓала по должината на река Днепар. До крајот на 10 век, нордиското малцинство се соединило со словенското,Particularly among the aristocracy. See World History . Retrieved 22 јули 2007.. Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на христијанското православие на овие простори, издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнез Владимир.See The Christianisation of Russia , an account of Vladimir's baptism, followed by the baptism of the entire population of Kiev, as described in The Russian Primary Chronicle. Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015.) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија.

Киевска Русија како држава се распаднала во 1240 година, главно поради меѓусебната војна помеѓу членовите на кралското семејство околу престолот. Киевската доминација слабеела во корист на Владимирско-суздаљското Кнежевство на североисток, Новогордска Република на север, и Галициско-Волнско Кнежевство во југозапад. Оваа територија конечно била заземена од страна на Монголците по нивната инвазија во Русија, каде на овие простори била формирана т.н. Златна Орда.In 1240. See Michael Franklin Hamm, Kiev: A Portrait, 1800–1917, Princeton University Press, 1993. ISBN 0-691-02585-1

Големо Московско Кнежевство

Даниел Московски, најмладиот син на Александар Невски, го основал Московското Кнежевство, по кое ги протерал Татарите од земјата. Кнежевството дополнително ги затегнало своите позиции кога градот станал центар на Руската православна црква. До средината на 14 век, моќта на Монголците била во опаѓање, а Русите ја согледувале можноста од протерување на истите. Во 1380 година, во Куликово, Монголците биле поразени. Во текот на 15 век, големите кнезови на Москва се обиделе целата популација на кнежевството да го стават под своја контрола. Најуспешен кнез од овој процес е Иван III кој ги удрил темелите на новата руска национална држава. Големото Војводство Москва во рамките на неговото владеење било зголемено трипати повеќе за разлика од неговиот претходник. Одбивајќи понатамошна соработка со Татарите, Иван III во својата кампања целосно ја поразил Златната Орда. Иван и неговите наследници се обиделе да ги заштитат јужните граници од нападите против Кримските Татари и другите орди.

Руско царство

thumb|right|Данил Московски со својата придружба

Развојот на царскиот автократски апсолутизам својот врв го достигнал за време на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Тој ја зајакнел позицијата на монархот до највисоко ниво. Исто така, во негово време биле направени едни од најголемите реформи на Русија. Иван Грозни успеал да ги зазеде Казанското ханство, Астраханското ханство и Сибирското ханство.Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, p. 395. ISBN 052136832. Овие освојувања ја прекинала постојаната до тогаш миграција на азиските народи до Европа преку Волга и Урал.

По смртта на Иван Грозни, негов наследник станал синот му Фјодор I. Во текот на неговото владеење следувал период на граѓански војни и „странска“ интервенција позната како „Време на проблемите“ (1606–1613). Крајно студените лета (1601-1603),Borisenkov E, Pasetski V. "The thousand-year annals of the extreme meteorological phenomena", ISBN 5-244-00212-0, p.190 довеле до голем глад во периодот од 1601 до 1603 година и зголемување на социјалната неорганизираност. Владеењето на Борис Годунов, било проследено со големи бунтови и востанија, и покрај тоа што тој извршил големи реформи во Русија. Борис Годунов на престолот го наследил неговиот син Фјодор II којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко. Претходно, од 1610 година до 1612, војниците на Полско-литванскат унија ја окупирале Москва. Тие не успеале да ја заземат, но сепак Москва била во голем дел опожарена.George Vernadsky, "A History of Russia", Volume 5, Yale University Press, (1969). Russian translationMikolaj Marchocki "Historia Wojny Moskiewskiej", ch. "Slaughter in the capital", Russian translationSergey Solovyov. History of Russia... Vol. 8, p. 847 Во 1612 година, народот од Нижни Новогород и други градови предводени од Дмитриј Позхарски и Кузма Минин успеале да ги протерат полските влијанија од градот Москва.Chester S L Dunning, Russia's First Civil War: The Time of Troubles and the Founding of the Romanov Dynasty, p. 434 Penn State Press, 2001, ISBN 0-271-02074-1Troubles, Time of." Encyclopædia Britannica. 2006Pozharski, Dmitri Mikhailovich, Prince ", Columbia Encyclopedia мини|Михаил Романов, првиот цар од династијата Романови Во февруари 1613 година, Полјаците биле протерани од Москва, а Национално собрание, кое било составено од претставници од педесет градови, па дури и некои села, го избрале Михаил Романов за нов цар на Русија.

Руска Империја

мини|десно|Петар Велики ги смирува своите пљачкосувачки трупи по заземањето на Нарва во 1704 од Николај Зауервајд, 1859 Руската Империја е наследник на т.н. Руско или Московско царство, владеена од наследниците на Иван IV како цареви. Иако империјата била официјално прогласена во 1721 година од страна на цар Петар I, таа навистина се родила кога Петар станал цар во 1682. Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандарди, земјоделството и индустријата.. Црквата, исто така претрпела промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој бил под директна контрола на царот. Во 1699, Петар го напуштил традиционалниот руски календар, во кој годината започнувала на 1 септември и го прифатил јулијанскиот календар, каде годината започнува на 1 јануари. Од доаѓањето на власт, па сѐ до неговата смрт, Петар без прекин водел војни, од кои зависела целата негова политика. Тој војувал против Османлиското царство во 1695, 1696 и 1711. Во 1696, Петар го освоил пристанишниот град Азов и на Русија ѝ осигурил излез на Црното Море, за подоцна во 1711 да се изгуби во мировни преговори со Османлиското царство. Тој војувал и против Персија, со што освоил и територии на западниот и јужниот брег на Каспиското Езеро. Тие територии, Русија ги загубила многу бргу по неговата смрт. Меѓутоа најважна од сите војни кои ги водел, била онаа против Шведска, која траела 21 година (1700-1721).Петар Велики. Создавање на Руската имоерија. -{www.znanje.org}-

мини|лево|Битката кај Полтава, мозаик од Михаил Ломоносов (1764) Санкт Петербург. Руската Академијата на науките

Речиси педесет години биле потребни да поминат пред да се појави на рускиот престол амбициозен и безмилосен владетел. Катерина II била германска принцеза која се оженила на рускиот наследник на престолот. Кога се открило дека тој бил неспособен, таа издала дозвола за негово убиство. Тогаш било најавено дека тој починал од "аполексија.