300px|десно|мини|Функција на Голџиевиот систем и поврзаност со другите органели:1. Клеточно јадро2. Комплекс на јадрени пори3. Грануларен ЕПР4. Мазен ЕПР5. Рибозоми6. Белковини7. Транспортна везикула8. Голџиев систем9. cis страна на Голџиевиот систем10. trans страна на Голџиевиот систем11. Цистерни на Голџиевиот систем.

Голџиев апарат е органела која е именувана по италијанскиот научник Камилио Голџи. Голџиевиот систем е изграден од голем број нееднакво дебели и делумно свиткани мембрански структури, сродни на ендоплазматичниот ретикулум, наречени диктиозоми, кои најчесто се наоѓаат околу јадрото.

Производите од синтетската активност на клетката (белковини, јаглехидрати и липиди) преку ендоплазматичниот ретикулум се внесуваат во каналите на сакулите од Голџи системот. По соодветната обработка тие материи се натрупуваат или се одделуваат како крајни производи во облик на секреторни везикули или вакуоли со различна големина. Кај жлездените клетки, секреторните везикули се движат кон површината на клетката, при што мембраната им се слева со клеточната мембрана и на тој начин содржината преку егзоцитоза се одделува во надворешната средина. Наводи

Категорија:Органели