Атол (од , атолу = гребен) — корален остров што содржи отворена или затворена лагуна.

Распространетост Повеќето од светските атоли се наоѓаат во Тихиот Океан и Индискиот Океан. Пример за атоли во Тихиот Океан се Туамоту, Каролинските Острови, Маршалските Острови, Коралноморските Острови, Кирибати, Тувалу и Токелау. Познати атоли во Индискиот Океан се Лакадивските Острови, Чагос и Сејшелите. Во Атлантскиот Океан нема голем број атоли, освен една група од осум атоли во близина на Никарагва, кои се под колумбиска управа.

Создавање Дарвин во 1842 година дал објаснување за создавањето на атолите во јужниот Тихи Океан. Објаснувањето се заснова на набљудување кое се одвивале за време на петгодишното патување со бродот „Бигл“.

Поврзано

Остров Море Гребен Корал

Надворешни врски Создавање на бермудскиот гребен „Вулканот на Дарвин“ - краток видео запис.

* Категорија:Острови Категорија:Крајбрежни и океански земјишни облици