Арапскиот ( или ) ( или () е семитски јазик. Поимот „арапски јазик“ се користи за сите потомци (дијалекти/ јазици) на класичниот арапски јазик од 6 век. Овој поим ги опфаќа како говорните, така и пишаните дијалекти на јазикот. Јазикот се зборува на огромна површина, поточно од Средниот Исток па сè до крајните точни на Северна Африка. Како дел од семитските јазици, арапскиот јазик најсроден е со хебрејскиот, арамејскиот, феникискиот и угаритскиот јазик.

Литературната форма на арапскиот јазик се нарекува стандарден арапски јазик, или литературен јазик. Таа форма е единствена официјална форма на јазикот, која се користи за пишана комуникација, во образованието, власта, медиумите и слично. Јазикот е службен во 27 држави во светот, но и во важни меѓународни организации, како што се: Африканската Унија, ООН или Арапската лига.

Арапскиот јазик и Исламот Доста често арапскиот јазик се поврзува со Исламот. Класичниот арапски јазик е јазикот на кој е напишан Куранот. Сепак, важно е да се напомене дека јазикот не го зборуваат само муслимани, туку и арапски христијани, евреи и ирачки мандаејанци. Иако повеќето од муслиманите во светот не зборуваат арапски, односно не им е мајчин јазик, сепак добар дел од нив можат да го читаат Куранот.

Наводи

Поврзано

Македонска транскрипција на арапскиот јазик Арапи Семитски јазици Хебрејски јазик

Надворешни врски

Learn Arabic Language of the Gulf - курс по арапски јазик Вовед за арапскиот јазик Google Ta3reeb – Google Transliteration Транслитерација за арапскиот јазик Основни арапски лекции

* Категорија:Флективни јазици