Сифилис е полово пренослива инфекција што ја предизвикува бактеријата спирохета Treponema pallidum подвидpallidum. Примарно се пренесува преку полов контакт; а може да се пренесе и од мајка на дете за време на бременост или при пораѓање, што ќе резултира со вроден сифилис. Други болести кај човекот што се поврзани со Treponema pallidum се фрамбезија (подвид pertenue), пинта(подвидcarateum) и ендемски сифилис (подвидendemicum).
Знаците и симптомите на сифилис зависат од една од четирите етапи во кои болеста се јавува (примарен, секундарен, латентен и терцијален). Примарната етапа обично се појавува со pедна шанкра (појава на тврд, безболен гнојаник на кожата што не чеша), секундарниот сифилис се одликува со распространето црвенило што често го има и кај дланките и стапалата, латентниот сифилис нема или има малку симптоми, а терцијалниот сифилис се одликува со гуми, невролошки и срцеви симптоми. Меѓутоа, оваа етапа е позната како „голем имитатор“, поради често атипичната појава. Дијагнозата обично оди преку испитувања на крвта; но, бактеријата може да види и под микроскоп. Сифилисот може ефикасно да се лекува со антибиотици, особено претпочитаниот интрамускулен пеницилин Г (што се дава интравенски за невросифилис) или цефтриаксон, а кај оние што имаат силна алергија на пеницилин се дава доксициклин или азитромицин.
Се верува дека сифилисот во 1999 година инфицирал 12 милиони луѓе во светот, а над 90% од случаите се во земјите во развој. Откако драматично опадна широката распространетост на пеницилинот во 40-те години на 20. век, стапките на инфекцијата во новиот милениум се зголемија во многу земји, често во комбинација со вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ). Ова делумно се припишува на незаштитеното практикување на секс кај мажите што имаат секс со мажи, зголемената промискуитетност, проституцијата и намалената употреба на бариерна заштита.
Знаци и симптоми Сифилисот може да се појави во една од четири етапи: примарен, секундарен, латентен и терцијален, а може да се јави и вродено. Називот „големиот имитатор“ му го дал сер Вилијам Ослер поради разните појави на болеста.
Примарен
Со примарниот сифилис обично се заболува преку директен полов контакт со инфицираните лезии на друго лице. Околу 3 до 90 дена по првичната изложеност (во просек после 21 ден) се појавува лезија на кожата, наречена шанкра, онаму каде што се случил контактот. Ова вообичаено (40% од времето) е еден, тврд, безболен гноеник на кожата што не чеша, со чиста основа и остри рабови помеѓу 0,3 и 3,0 cm во големина. Меѓутоа, лезијата може да добие каква било форма. Во класичната форма, се развива од макула до папула и на крајот до разјадување или чир. Понекогаш може да се појават повеќе лезии (~40%), коишто се почести кога е присутна и инфекција на ХИВ. Лезиите знаат да бидат болни или чувствителни (30%), и може да се јават настрана од гениталиите (2–7%). Најчеста локација кај жените е во цервиксот (44%), пенисот кај хетеросексуалните мажи (99%) и анално и ректално кај мажите што имаат секс со мажи (34%). Зголемувањето на лимфните јазли често (80%) се јавува околу инфицираното место, а појавата се случува седум до 10 денови откако ќе се создаде шанкрата.Лезијата може, без лекување, да трае од три до шест недели.
Секундарен
Секундарниот сифилис се јавува околу четири до десет седмици по примарната инфекција. Секундарната болест е позната по многу различни начини на коишто се манифестира, како симптом најчесто се јавува на кожата кај мукозните мембрани и на лимфните јазли. По телото и екстремитетите, како и по дланките и стапалата, може да се јави симетричен, црвеникаво-розеникав осип што не чеша. Црвенилото може да стане макулопапуларно или пустуларно. Може да формира плоснати, широки, белузлави лезии налик на брадавици, на мукозните мембрани, што се познати како кондилома латум. Сите овие лезии се полни со бактерии и се заразни. Други симптоми се треска, отечено грло, неудобност, слабеење, опаѓање на косата и главоболка. Ретко се манифестираат хепатит, бубрежна болест, артритис, периоститис, невритис на очен нерв, увеитис и меѓупросторен кератитис. Акутните симптоми обично поминуваат по три до шест недели, но кај околу 25% од луѓето може да се повторат секундарните симптоми. Многумина што имаат секундарен сифилис (40–85% од жени, 20–65% од мажи) претходно не пријавуваат дека имале класични шанкри на примарен сифилис.
Латентен Латентниот сифилис се дефинира како таков што има серолошки доказ за инфекцијата без симптомите на болеста. Потоа, се опишува како ран (помалку од 1 година по секундарниот сифилис) или доцен (над 1 година по секундарниот сифилис) во Соединетите Американски Држави. Обединетото Кралство прави пресеци со две години од раниот и две од доцниот латентен сифилис. Кај раниот латентен сифилис може да се повторат симптомите. Доцниот латентен сифилис е асимптоматичен и не е толку заразен како раниот латентен сифилис.
Терцијален
Терцилајен сифилис може да појави околу 3 до 15 години по првичната инфекција, а може да се подели според три различни облици: гуматозен сифилис (15%), доцен невросифилис (6.5%) и кардиоваскуларен сифилис (10%). Без лекување, една третина од инфицираните заболуваат од терцијална болест. Болните од терцијален сифилис не се заразни.
Гуматозниот сифилис или доцниот бенигнен сифилис обично се јавува од 1 до 46 години по првичната инфекција, а во просек 15 години. Оваа етапа се одликува со формирање на хронични гуми, што се меки воспалени топки налик на тумор што може да имаат различна големина. Типично влијаат врз кожата, коските и црниот дроб, но може да се појават насекаде.
Невросифилис се однесува на инфекција што го опфаќа централниот нервен систем. Може да се јави рано, да биде асимптоматичен или во облик на сифилистичен менингитис, или доцна, како менинговаскуларен сифилис, општа пареза или локомоторна атаксија, што се поврзува со лоша рамнотежа и молскавична болка во долните екстремитети.Доцниот невросифилис типично се јавува од 4 до 25 години по првичната инфекција. Менинговаскуларниот сифилис типично се појавува со апатија и напад, а општата пареза со деменција и локомоторна атаксија. Може да се појави и Аргил Робертсонова зеницаи, односно двострано мали зеници што се собираат кога лицето се фокусира на предмети во близина, но не и кога се изложени на светлина.
Кардиоваскуларниот сифилис обично се јавува од 10–30 години по првичната инфекција. Најчеста компликација е сифилистичен аортитис, што може да резултира со создавање на аневризам.
Вроден Вроден сифилис може да се појави за време на бременост или за време на пораѓање. Две третини од сифилистичните деца се раѓаат без симптоми. Чести симптоми што подоцна се развиваат, во првите неколку години од животот, се:хепатоспленомегалија (70%), осип (70%), треска (40%), невросифилис (20%) и пневмонитис (20%).Доколку не се лекува, доцниот вроден сифилис може да се јави кај 40%, вклучувајќи: деформитети познати како седлест нос, хигуоменакисов знак, заострена писка или клатонови зглобови, меѓу другите.
Причинител Бактериологија
Treponema pallidum подвид pallidum е спирална по облик, грам-негативна бактерија со огромна подвижност. Сличен тип на Treponema pallidum предизвикува и три други болести кај луѓето, како фрамбезија (подвидpertenue), пинта (подвидcarateum) и ендемски сифилис (подвидendemicum). За разлика од подвидот pallidum, овие не предизвикуваат невролошка болест. Само луѓето се познати како жариште на инфекцијата за подвидот pallidum. Тој не може да преживее без домаќин повеќе од два-три дена. Тоа се должи на фактот што малиот геном (од 1,14 MDa), не успева да ги кодира метаболичните патишта што се неопходни за да се искористи најголемиот дел од макрохранливите материи.Има бавно време на удвојување, повеќе од 30 часа.
Пренесување Сифилисот примарно се пренесува преку полов контакт или за време на бременост, од мајката на фетусот; спирохетата може да ги поминува мукозните мембрани или оштетената кожа. На тој начин, се пренесува преку бакнување во близина на лезија, како и преку орален, вагинален и анален секс. Околу 30 до 60% од оние што се изложени на примарен или на секундарен сифилис ќе се разболат од оваа болест. Степенот на инфицирање може да се илустрира со тоа што поединец заразен со само 57 микроорганизми има 50% шанси да се инфицира. Поголемиот дел (60%) од новите случаи во САД, се јавува кај мажи што имаат секс со мажи. Може да се пренесува преку крвни продукти. Меѓутоа, во многу земји овие производи се испитуваат за него, па ризикот е мал. Ризикот од пренесување преку заеднички игли е во ограничени рамки. Сифилис не може да се добие преку седење на нужник, секојдневни активности, џакузи или преку заеднички прибор за јадење или облека.
Дијагноза
Тешко е по клинички пат да се дијагностицира сифилисот кога е на почетокот на заразата. Присуството се докажува или со испитување на крв или со директна визуелна проверка со микроскопија. Почесто се користат испитувањата на крв, затоа што е полесно да се изведат. Меѓутоа, дијагностичките испитувања не прават разлика помеѓу етапите на болеста.
Испитувања на крвта Испитувањата на крвта се поделени на нетрипонемални и трипонемални. Нетрипонемалните испитувања се користат на почетокот, а вклучуваат лабораториско испитување за венерична болест (VDRL) и испитувања за брз плазмен имуноглобулин Е (реагин). Меѓутоа, поради тоа што овие тестови понекогаш се лажно позитивни, потребно е да се потврди со трипонемално испитување како што е она за аглутинација на честички на трипонема палидум(TPHA) или флуоресцентно испитување за апсорпција на трипонемални антитела (FTA-Abs). Лажно позитивни резултати на нетрипонемалните испитувања може да се појават со одредени вирусни инфекции, како варичела и рубеаола, како и со лимфом, туберкулоза, маларија, ендокардитис, болест на сврзното ткиво и бременост. Испитувањата за трипонемалните антитела обично се позитивни две до пет недели по првичното инфицирање. Невросифилис се дијагностицира со високи вредности за леукоцитите (главно лимфоцити) и високи нивоа на белковини во ’рбетномозочна течност, кога веќе е познато дека постои инфекција со сифилис.
Директно испитување микроскопија на темно поле или серумска течност од шанкра може да се користат за веднаш да се утврди дијагноза. Меѓутоа, болниците не секогаш имаат опрема или искусен персонал за тоа, а испитувањата може да се направат во рок од 10 минути откако бил земен примерокот. Се вели дека со чувствителност се пријавени речиси 80%, па така, овој метод може да се користи само за утврдување на дијагноза, а не за нејзино исклучување како можност. Врз примерок од шанкра може да се направат уште две други испитувања: директно флуоресцентно испитување за антитела и испитувања за амплификација на нуклеински киселини. При директното флуоресцентно испитување се користат антитела обележани со флуоресцеин, што се врзуваат со одредени белковини на сифилис, додека при амплификација на нуклеинските киселини се користат техники, како верижна реакција на полимераза, за да се открие присуството на одредени гени на сифилисот. Овие испитувања не се толку зависни од време, затоа што за нив не се потребни живи бактерии за да се утврди дијагноза.
Превентива , нема вакцина што е ефикасна при превенцијата. Апстинирањето од интимен физички контакт со инфицирана личност е ефикасно при намалување на преносливоста на сифилис, како и правилната употреба на кондом од латекс. Меѓутоа, употребата на кондоми не го отстранува целосно ризикот. Така, Центрите за контрола и превенција на болести препорачуваат долгорочна, заемно моногамна врска со неинфициран партнер и избегнување на супстанци како алкохол и други дроги што го зачестуваат ризичното полово однесување.