Љутви Руси (албански: Lutvi Rusi; Дебар, - Скопје, ) — македонски новинар, писател и преведувач од и на албански јазик. Носител на Партизанска споменица 1941, истакнат борец во НОБ во Западна Македонија.
Животопис Руси е роден во Дебар на 18 јануари 1923 година. После Втората светска војна како нејзин учесник, Руси влегува во новинарството во педесеттите години. Потоа станува долгогодишен уредник на емисиите на албански јазик на Радио Скопје, а потоа сè до пензионирањето бил главен и одговорен уредник на „Флака“ и на „Просветно дело“. Во соавторство со Миле Ќорвезироски го објавил првиот Македонско-албански речник во 1967 година. Преведувал од македонски на албански јазик и обратно. Бил член на ДПМ од 1953 година. ДПМ во негова чест има идеја да преименува улица во Скопје.
Библиогрфаија Песни за пионерите (заедно со Мемедали Хоџа), 1953; Бригада на зајците, 1966; Партизански приказни, 1974; Калење,1975; Ибе Паликуќа, 1976; Двајца другари,1977; Сомневање, 1979; Лиман Каба, 1980; Глувонемиот, 1981.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 224.
Наводи
Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Дебар