Корфалу или Куровали (, Аналипсис, до 1958 г. Κορφαλού, КорфалуΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Ανάληψη) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 478 жители (2021).

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на неколку километри источно од градот Лагадина во Лагадинската област, во близина на северниот брег на Лагадинското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 157 метри.

Историја

Во XIX век Корфалу е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170..

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 230 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 344 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1958 година, селото било преименувано во Аналипсис.

Демографија

Во 1928 година селото броело 301 жител., додека во 1940 година селото броело 474 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 580 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 595 жители, во 1971 година имало 605 жители, во 1981 година имало 545 жители, додека во 1991 година имало 553 жители. Денеска, населението на селото е 606 жители според пописот од 2001 година.

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Димитриј“ од XX век со вредни стари икони

Наводи

Категорија:Лагадина