Серсемли (, Ксировриси , до 1927 Σεσεμλή, Серсемли)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Παρόχθιο — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 6 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 219 метри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Серсемли се состоело од 22 семејства со 70 жители муслиманиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Серсемли имало 220 жители муслиманиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 110 жители, додека во 1920 година 143 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Ксировриси.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 230 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 354 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 204 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 204 жители, во 1971 година имало 161 жител, во 1981 година имало 153 жители, додека во 1991 година имало 134 жители. Денеска, населението на селото е 172 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш