Шљопинци или Шлопинци (, Доганис; до 1928 г. Σλώπνιτσα, СлопницаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σλώπνιτσα -- Δογάνης или Σλοπ, Слоп) — гевгелиско село во Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2021)
Географија Селото се наоѓа 4 км јужно од Гевгелија, близу државната граница. Лежи во областа Бојмија, на десниот брег на реката Вардар.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Шљопинци било македонско село во Авретхисарската (Кукушка) каза. „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шљупници (Chliupnitzi) било село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 50 домаќинства од вкупно 236 жители, сите Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.168-169.
Во 1895–96 г. во селото е основан комитет на ВМРО.„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 9549514560
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Шљопинци било село во Гевгелиската Каза со 410 жители, сите Македонци.
Целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Шљопенци (Chliopentzi) имало 420 Македонци, сите под егзархијата, и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.194-195.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Шљопинца било македонско со 60 куќи.
Во овој период Боривое Милоевиќ во селото завел 60 куќи, сите македонски.
Во Грција Како и соседното Древено, Шљопинци настрадало во Балканските војни, па затоа во 1913 г. населението се намалило на само 100 жители. Истата година е припоено кон Грција по сила на Букурешкиот договор. На подрачјето на селото минувала фронтовата линија во Првата светска војна, поради што 1916 г. ги преместиле неговите жители во Бугарија, кои подоцна се вратиле. Во 1920 г. населението броело 110 жители, повторно сите Македонци. Во 1924 г. етничката состојба се променила кога 53 жители решиле да го напуштат селото поради неподносливиот живот создаден од грчкиот режим. На местото на иселените, властите доселиле 27 грчки семејства од Источна Тракија со вкупно 113 дојденци (или 121 според Симовски) Во 1928 г. селото е преименувано во Доганис, кога е попишано како етнички мешана населба со вкупно 180 жители.
На пописот во 1940 г. во Шљопинци е заведен 191 жител, од кои само 30 Македонци. По Грчката граѓанска војна во 1951 г. тука живееле 124 лица, по што нивниот број опаднал на 109 во 1961, 77 во 1971 и 58 жители во 1981 г., што се должело на иселување во градовите. Во 1991 г. се попишани 59 жители, и селото продолжило да се празни, така што во 2001 имало 49, а во 2011 г. само 38 жители.
Население
Стопанство Населението се занимава со земјоделство, и тоа со одгледување на пченица, памук и овошје.
Личности Андон Николов Малкочов — револуционер, деец на ВМРО Андон Петров Папуцчиев — револуционер, деец на ВМРО Васил Савов Арџанлиев — револуционер, деец на ВМРО Дино Мицов Трајков — револуционер, деец на ВМРО Илија Георгиев Чаушев — револуционер, деец на ВМРО Илиja Трајанов (1890 – ?) — учесник во Балканските војни, доставувач на залихи„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 730. Илија Христов Ѓурѓев — револуционер, деец на ВМРО Илија Христов Колев (? – 1927) — просветен деец Лазар Цунев (? - 1920) — просветен деец Мицо Трајков — револуционер, деец на ВМРО„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 134, ISBN 9549514560 Мицо Узун Трајанов — револуционер, деец на ВМРО Никола Караризов — револуционер, деец на ВМРО Сотир Атанасов Дучков — револуционер, деец на ВМРО Ташко Мицев Трајков (1876 – 1901) — војвода ВМРО Трајко Ганев (или Гонев, 1885/1887 – ?) — учесник во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 180. Христо Карагонов — револуционер, деец на ВМРО Христо Мицев Трајков — револуционер, деец на ВМРО
Поврзано Бојмија
Наводи
Надворешни врски
Страница за Шљопинци на грчки портал за Сехово (Идомени)