Шереметли или Шереметлија ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Γαλλικόν — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 34 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 220 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шереметли се состоело од 15 семејства и 64 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 154-155 . Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шереметли имало 40 жители Македонци и 100 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165.. Според Милоевиќ, селото имало 20 турски куќиСпоред сите извори, овој податок не е точен

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 56 Македонци и Власи и работело егзархиско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Затоа, во пописот од 1913 година, селото било регистрирано како напуштено село без жители. Голем дел од христијанското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија, и на негово место било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1926 година, селото било преименувано во Фанари.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 165 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 332 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 277 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 218 жители, во 1971 година имало 217 жители, во 1981 година имало 199 жители, додека во 1991 година имало 180 жители. Денеска, населението на селото е 164 жители.

Стопанство

Наводи

Категорија:Кукуш