Шемница (Штемница или Снефче; , Кендрико; до 1927 г. Σνέφτσα, Снефца)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Κεντρικό — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 21 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 391 метри.
Шемница опфаќа површина од 27 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шемница се состоело од 80 семејства, од кои 85 муслимани и 300 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Шемница имало 160 муслимани, 80 Роми и 300 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 166..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 560 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..
Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војскиГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.197 а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 199 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Кендрико.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 365 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 593 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 507 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 2019 жители, во 1971 година имало 404 жители, во 1981 година имало 376 жители, додека во 1991 година имало 294 жител. Денеска, населението на селото е 320 жители според пописот од 2001 година.
Наводи
Категорија:Кукуш