Поздивишта (дијалектно: Поздивишча, , Халара; до 1927 г. Ποσδιβίτσι, Посдивици или Ποδοβίστα, Подовиста) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.

Географија Селото се наоѓа на 20 км северно од Костур, во областа Корешта. Лежи на 5 км североисточно од селото Корешта, во подножјето на В’ро — огранок на планината Вич.

Историја Потекло на името Според Љубица Станковска името Поздивишта доаѓа од личното име Поздивит. Спомнато е во документи од 1545 и 1569 г.Станковска, Љубица. Топонимски варијации во Костурско-Леринската област. во: Македонските дијалекти во Егејска Македонија, Скопје, 1994, стр. 242-243.

Антика Во месноста Бутеш на околу еден километар источно од селото, во непосредна близина на реката Бистрица и меѓу црквичките (манастирчињата) „Св. Атанасиј“ во атарот на Поздивишта и „Св. Атанасиј“ во атарот на Чрновишта има остатоци од античка населба. Селаните при обработка на земјата откривале бронзени статуи и други старини. Според преданието во Поздивишта, ова село е изгорено од Турците при освојувањето на Македонија. Командантот на османлиската војскаизвикал „Бутеш!“ („Да се запали“) и така останало името на местото.

На истата месност, кај Големи Ливадишта и на запад се наоѓа месноста Аџиева Нива, каде има стари гробишта.

Во Отоманското Царство Според Тодор Симовски селото е основано од сточари од Преспа. Селото првично се наоѓало на планинскиот венец Винов Танец, на месностите Рушоп и Кочинова Лапка, подоцна на местноста Селиште, за потоа да слезе во котлината до античката населба.

мини|250п|Фреска од црквата „Пресв. Богородица“ Црквата „Св. Богородица“ датира од околу 1700 г. (обновена 1815 г. по нејзиното рушење), но денес е во лоша состојба — покривот е срушен и фреските се оштетени.

На крајот од XIX век Поздивишта било чисто македонско село.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Поздивишта (Posdivischta) било село со 52 домаќинства сочиенти од 160 жители Македонци.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Поздивишта имало 700 жители, сите Македонци христијани.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Поздивишта е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 115 куќи.

Во селото е основан револуционерен комитет на ВМОРО. На 10 ноември 1899 година организацијата го ликвидирала Незер — зулумција и убиец на Алексо Новачков од Поздивишта. Ликвидацијата е извршена во месноста Скала меѓу селата Поздивишта и Брезница. През ноември 1901 г. во Поиздивишта ВМОРО го ликвидирал Албанецот Тефик-бег, убиец и изедник.

По Битката кај Шестово во 1902 г. имало ново распределување на раководителите во реонот, па Пандо Кљашев и Васил Чакаларов во Поздивишта ги убиле соработниците на андартскиот великоорганизатор Герман Каравангелис, поп Илија и Георги Ѓамчето. Вкупно 70 лица од Поздивишта зеле учество во Илинденското востание летото 1903 г. Според извештај на раководителите на востанието во Костурско Васил Чакаларов, Лазар Поп-Трајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 г., во Поздивишта од вкупно 120 куќи биле изгорени 27 и биле убиени Ристовица Кинтна (55) и Лазовица Шотова.Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева“ София, 2001, стр. 295. Според друг извор, од вкупно 110 изгорени се 30 куќи а воедно и 23 плевни. Меѓу востанатите селани се убиени Трпе Трајанов и Андон Кузов.

Во ноември 1903 г. бугарскиот владика Григориј Пелагониски, придружува нод Наум Темчев, Трпо Поповски и претседателот на Костурската бугарска општина Григориј Бејдов, пристигнале во Поздивишта и раздавале помош 30-те семејства настрадани при задушувањето на Илинденското востание, чии куќи биле изгорени, како и на сите сиромашни семејства. Митлополитот Григориј отседнаш кај селскиот поп Ѓорѓи и кому му дал прошка бидејќи под пристисок потпишал изјава дека ја признава Патријаршијата за да си го спаси животот. Помош е разделена и на жителите на соседното Чрновишта.

Во 1902 г. според грчки податоци во селото имало 70 семејства под Цариградската патријаршија и 55 под Бугарската егзархија. Во Поздивишта веќе работела бугарската пропаганда. Подоцна целото население на Поздивишта прешло под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 920 Македонци, сите под егзархијата, и работело бугарско училиште.

Според Георги Константинов Бистрицки Поздивица пред Балканските војни имало 160 македонски куќи. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истоот период вели дека Поздивиште има 135 куќи на Македонци христијани.

Во 1915 г. костурскиот учител Георги Рајков вели дека Поздивишта имало 124 куќи, бугарска црква и бугарско училиште.

Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година имало 968 жители. Меѓу 1914 и 1919 г. 14 лица од Поздивишта официјално поднеле документи за иселување во Бугарија, а по 1919 тоа го направиле уште двајца.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Halara . Според пописот од 1920 г. населението се намалило на 710 жители. Во меѓувоениот период имало голема преселба во прекуокеанските земји, во Бугарија, а извесни лица се преселиле во Вардарска Македонија.Според теренските испитувања на Јован Трифуноски, во 1926 г. два рода од Поздивишта се преселиле во битолското село Бистрица. Тие биле Генчовци (1 куќа) и Филевци (4 куќи), според нивната бројност при неговата посета во 1950-тите. Во 1928 г. во Поздивишта се попишани 676 лица.

Во 1927 г. селото е преименувано во Халара.

Селото традиционално се занимавало со одгледување на житни култури, грав и овошје, а делумно и со сточарство.

Во 1932 г. регистрирани се 145 македонојазични семејства, од кои 142 изјавиле „словенска свест“. Во 1945 г. во селото имало 700 македонојазични жители, сите со „негрчка национална свест“.

За време на Втората светска војна селото настрадало од италијанските казнени одреди. Во селото е создадена чета на бугарската паравоена организација „Охрана“.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) На 2 август 1944 г. во Поздивишта е формиран Леринско-костурскиот народноослободителен баталјон во состав на 9. Дивизија на ЕЛАС. За време на Граѓанската војна селото силно настрадало — 62 семејства и неколку поединци се преселиле во социјалистичките земји, а 166 деца се изнесени во странство како деца бегалци.

По војните започнало масовно иселување во Австралија, САД и Канада. Во 1960 г. властите во Поздивишта подигнале биста на гркоманскиот поп Илија."Εκεί που χάνονται τα αγάλματα". Κυριακάτικη Ελευθεροτυπία, 26/11/2000.

Во селото има и црква „Св. Никола“.

+ Месности во Поздивишта преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Картелово Καρτέλοβο Педино Πεδινό месност И од Поздивишта Кури Κουρί Дасаки Δασάκι месност на Вич, СИ од Поздивишта Кремино Γκρεμίνο Гремос Γκρεμός врв на Вич

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Успение на пресв. Богородица“ од 1815 г Црква „Св. Никола“

Личности Димо Коло — ајдучки војвода (арамбаша), дејствувал во 1682 г. во Битолско, началник на чета од 28 лица Олга Димитровска (р.1905) — учесник во НОВ на Македонија Дина Карчицка (1908-2002) — учесник во НОВ на Македонија Димитра Карчицка (р. 1939) — македонска математичарка и универзитетска професорка Ристо Шанев (р. 1944) — поет и писател Крсто Шкодров (1944 - 2005) — македонски општественик во Австралија Фана Мартинова–Буцкова (1939 - 2020) — писателка и историчар на егејските Македонци

Препорачана литература

Наводи

Надворешни врски Напис за Фана Мартинова-Буцкова и судбините на децата бегалци од Поздивишта, Антропол, 2 март 2021 г.