Старичани или Старичени (, Лако̀мата; до 1927 г. Σταρίτσανη, Старицани) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот Округ на Западна Македонија, Грција. Селото отсекогаш било македонско и останало такво до денес.

Географија Селото се наоѓа на 15 км југозападно од градот Костур и на 8 км југозападно од Рупишта. Лежи на надморска висина од 670 м на десниот брег на реката Галешово, во пазувите на планината Одре.

Историја Во Османлиското Царство мини|250п|Црквата „Св. Благовештение“ мини|250п|Црквата „Св. Ѓорѓи“ Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Истаричани и Ан Истаричани. Во двете маала имало 12 христијански семејства. Во црквата на Старичани се чува вредна икона на Богородица од XIV век. Според месните преданија, селото првично било поблиску до Бистрица и се нарекувало Порино. Порино имало 10 цркви — Св. Илија, Св. Атанас, Пресв. Богородица, Св. Троица, Св. Спас (Спасовден), Св. Никола, Св. Петка, Св. Костадин и Св. Благовештение (Благоевец). Поради прелевање на реката селото се преместило на сегашното место и го добило името Старичани.

Црквата „Св. Благовештение“ во селото е живописана во 1827 г. од истакнатиот зограф Аргир Михајлов.

На крајот од XIX век Старичани било чисто македонско село. Неговите жители биле познати ѕидари кои оделе на печалба во Цариград и Анадолија. Дел од нив останале да живат во Бугарија. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Старичани имало 350 жители Македонци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Старичани е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 65 куќи.

На почетокот на XX век целото население на Старичани било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Истата година турските власти не им гозволиле на учителите Илија Живков од Битола и Калиопа Зисова од Рупишта да отворат народно училиште.Райчевски, Стоян. 1904 – 1906 Гоненията на българите в Македония и Одринско. София, 2011, стр. 34 – 36. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Старичани имало 520 Македонци, сите под егзархијата.

Според Георги Константинов Бистрицки Старичени пред Балканските војни имало 60 македонски куќи, а според Георги Христов покрај македонските имало и една влашка. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека во приближно истиот поериод селото имало 54 македонски куќи, од кои 4 куќи биле погрчени.

Селото било упориште на комитите во Костенаријата и на многу наврати е напаѓано од грчки андартски чети. Според зборовите на Христо Силјанов:

Ноќта 23 спрема 24 (или 19) декември 1905 г. селото е нападнато од 200 андарти кои биле одбиени од месната милиција и четата на ВМОРО на чело со Кирјак Шкуртов. Загинале две жени и запалени се 15 плевни.Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 64. Во 1909 г. во Старичани имало 52 македонски куќи под егзархијата и 8 прогрчки; второспоменатите ги држеле црквите и училиштето.Телеграма од Иларион од Костур

Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година во него се попишани 340 жители. Од 1914 до 1919 г. 41 жител на Старичани, а по 1919 г. уште 6 се преселиле во Бугарија по официјален пат.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Lakkomata . Некои жители на Старичани се преселиле во селото Бошинос, Драмско, а четири семејства се преселиле во Рупишта. Во 1927 г. селото е преименувано во Лакомата. На пописот во следната 1928 г. се води со 290 жители.

За време на Втората светска војна во селото се создадени огранок и чета на бугарската паравоена организација „Охрана“ на чело со Васил Маниолов. На 29 април 1943 г. грчка паравоена чета од околу 600 лица го нападнало Старичани, кое пак го бранеле 33 милиционери. Селото е изгорено, ограбено и дел од неговите жители се масакрирани.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Според Тодор Симовски нападот се случил на 1 април 1943 г., а напаѓачите биле војници на ЕЛАС, при што загинале 40 жители и селскиот поп. По нападот мештаните добиле оружје од италијанските окупациски власти. 45 семејства од селото се иселиле во Бугарија и социјалистичките земји.

За време на Граѓанската војна (1946-1949) селото силно настрадало, поради што 45 семејства се иселиле во источноевропските земји.

+ Месности во Старичани преименувани со службен указ на 5 мај 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Саматско Σαμάτσκο Корфула Κορφούλα врв на планината Одре (826 м), И од Старичани Суитско Σουΐτσκο Омало Ομαλό Соишта Σόϊστα Ватирема Βαθύρεμα река Бодацина Μποδατσίνα Дасорема Δασόρεμα река С од Госно, Десна притока на Осман Беј, лева притока на Галешово Друм Ντροῦμος Дримос Δρυμὸς врв С од Госно (696 м) Лесков Трап Λέσκου Τρὰπ Лептокаријас Рема Λεπτοκαρυᾶς Ρέμα река

Население

Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Ѓорѓи“ „Св. Благовештение“

Личности Кирјак Шкуртов (1872 - 1965) — македонски револуционер, војвода на ВМОРО Никола Иванов Кајушев — македонски револуционер од ВМОРО. Нуле Јотов (1887 - ?) — борец во Балканските војни од четата на Васил Чакаларов Стерјо Дачов (1917-?) — македонски национален деец, учесник во НОБ од Егејскиот дел на Македонија и учесник во Граѓанската војна во Грција. Митко Анастасовски - Врапчето (1926-2006) — политичар, национален деец и виден говорник, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Старичани