Д-р Христо Татарчев (16 декември 1869, Ресен — 2 јануари 1952, Торино, Италија) — македонски лекар, еден од основачите на Македонската револуционерна организација и прв претседател на Централниот комитет. Завршил гимназија во Пловдив, а медицина во Цирих и Берлин. Во 1901 бил уапсен и заточен во Бодрум Кале. По амнестирањето бил член на Задграничното претставништво на ЦК на ТМОРО. Бил и еден од основачите на Македонската федеративна организација. Поради отворените закани од ВМРО на Тодор Александров бил принуден да се пресели во Италија. Автор е на статии и публикации за македонското прашање.

Животопис Потекло и образование мини|десно|300п|Ресен Д-р Христо Татарчев е роден на 16 декември 1869 година во Ресен, тогаш во Османлиското Царство, во богато банкарско и трговско семејство. Негов брат е Михаил Татарчев, а братучед Божирад Татарчев, исто така револуционери на Македонската револуционерна организација.

Основно образование учел во родниот град, а потоа се префрлил во Брацигово и Пловдив. За овој период Татарчев истакнува: Слободниот живот во Брацигово, политичките борби во Пловдив (казионисти обединисти и сл.), ученичките бунтови, социјалистичките идеи, слободно проповедани, соединувањето на Тракија со Бугарија, што го преживеав во Пловдив, - сето тоа влијаеше кај мене да се формира посебен светоглед за слободата на човекот и на народите.Христо Татарчев, Спомени

Средното образование го завршил во 1887 година по што заминал на дошколување во Цирих, Швајцарија, во 1890 година се префрлил во Берлин каде дипломирал како лекар во јули 1892 година со дипломската работа на тема „Професионални неврози", која подоцна ја испечатил и објавил.

Револуционерна дејност

Првите револуционерни копнежи и чекори

Општата состојба во Македонија наметната од османлиските власти придонеле уште во раното детство кај Татарчев да се јават револуционерни копнежи и мисла за ослободување на неговата татковина. Тој вели дека:

По заминувањето во Бугарија и од како со свој очи ги видел придобивките од слободата, кај него уште повеќе се зацврстила идејата за ослободување на Македонија. Со својот револуционерен жар додека бил ученик во Пловдив, учествувал во обединувањето на Кнежевство Бугарија и Источна Румелија, а сето тоа придонело уште повеќе да се зацврстат неговите револуционерни убедувања: мини|десно|300п|Пловдив

Во Солун и првите допири мини|300x300пкс|Солунската машка гимназија во 1900 година. Есента 1892 година, Татарчев се вработил како лекар во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во текот на летниот одмор, во 1893 година посетил неколку градови во Македонија со цел да се запознае со состојбите во земјата.

Во 1892 година кај Иван Хаџи Николов се зацврстила идејата дека само со една тајна револуционерна организација ќе може да се пресече патот на туѓите пропаганди во Македонија. Затоа, тој почнал да бара лица кој имале јасни децентрализирачки ставови кон егзархиското црковно-училишно дело во Македонија, а меѓу овие лица кој биле собирани од страна на Хаџи Николов, се нашол и Татарчев.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, Институт за Историја-Филозофски факултет Меѓутоа, бидејќи биле малкумина, тие решиле да го одложат дејството, но не ја напушиле идејата за основање на една организација.

Во август 1893 година, барајќи медицинска помош, кај него дошол Даме Груев. На третата средба, Груев се отворил пред Татарчев и тие отворено разговарале за да се подобри политичката положба на нашиот народ.Л. Милетич, Първият централен комитет на ВМОРО, Спомени на д-р Христо Татарчев София, 1928, страница 100.

Основање на Македонската револуционерна организација

На 2 ноември (21 октомври, по стариот каледнар) 1893 година, покрај солунскиот брег се сретнале Даме Груев, Иван Хаџи Николов и Антон (Андон) Димитров, при што разговарале за ослободување на Македонија. Паднал предлогот тие тројца да создадат револуционерна организација. И. Х. Николов понудил во основањето да учествуваат и Петар Поп Арсов, Христо Татарчев и Христо Батанџиев.

Состанокот бил одржан во сабота навечер на 4 ноември (23 октомври по стар стил) 1893 година, во станот на Христо Батанџиев, а на него присуствувале присуствувале: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Азот, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и домаќинот Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџе, Ениџе Вардарско. На средбата, сите едногласно се согласиле да биде створена револуционерна организација.

На 5 јануари 1894 година, пред Богојавление, за време на распустот, се одржала Јануарската средба на која дошло до конкретно создавање на организацијата. На дневен ред биле: целта, името и поставеноста на организацијата. Појдовна точка за дискусија бил членот 23 од Берлинскиот конгрес. Во однос на втората точка, Татарчев истакнал:

На Јануарската средба, помеѓу другото, бил конституиран и Централниот комитет, во кој влегле шестемина основоположници, додека Татарчев бил избран за претседател на Ц.М.Р.К. , а воедно бил избран и за прв претседател на Македонската револуционерна организација.

Солунска афера

На 23 јануари 1901 година по (стар стил) започнала Солунската афера. Таа ноќ, турските власти ги уапсила Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев - Карловалијата поради нарушување на јавниот ред околу Вардарската капија.Pierre d’ Espagnat - Avant le massacre (Roman de la Macedoine actuelle) - Македония - политическо и научно литературно списание г. I кн. VII, София, 1922 мини|лево|300п|Татарчев во работниот кабинетмини|десно|300п|Једи Куле По нивното апсење, започнале низа на претреси при што полицијата упаднала во живеалиштата на Христо Татарчев, Никола Попев, Коне Попев, Димитар Паљошев и Христо Пиперков. Последните двајца биле уапсени, а Пиперков подоцна бил ослободен. По нив бил уапсен и книжарот од Воден, Димитар Хлебаров. На 25 јануари, биле уапсени Христо Матов и Пере Тошев, а полицијата извршила претрес во живеалиштето на поп Стамат од црквата Св. Димитрија и тамошното пансионско училиште. Малку подоцна бил уапсен и самиот Христо Татарчев. Иако, тој можел да избега и да се засолни, бидејќи за можното апсење му било укажувано од помошникот на рускиот конзул, Тодор Хаџимишев, но Татарчев: ... не сакал да дезертира од својот пост.

На 20 февруари 1901 година било покренато обвинението против 19 - мината прво обвинети. Со него биле обвинети: Милан Михајлов, Кочо Георгиев, Коце Лазаров, Тодор Иванов Карапетков, Васил Мончев, Христо Татарчев, Христо Матов, Пере Тошев, Поп Стамат и други. Тие биле обвинети за државен престап против Отоманското Царство, сакајќи: Да основаат самостојна македонска држава од Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот вилаетГеоргиев Величко и Стайко Трифонов, Македония и Тракия в борба за свобода (XIX и началото XX век) Нови Документи, София, 1995 или, во најмала рака, овие три вилаети да бидаат присоединети кон Бугарија. Според еден документ од англиско потекло, тие било обвинети за организирање на револуционерна сила против османската власт со цел: воспоставување во Македонија автономна власт... воспоставување на нова форма на власт (влада) во Македонија. Ова дело било казниво според членовите 56 и 58 од Османлискиот кривичен закон и според нив следувало смртна казна.

Како резултат на Солунската афера, од 26 февруари до 14 март 1901 година било одржано судење на кое биле изведени 19 души, членови на Организацијата. Од нив, тројца беа осудени на смрт, седум на доживотен затвор (меѓу кои, Христо Матов и Пере Тошев), тројца на петгодишен затвор со синџири (меѓу кои, Христо Татарчев и поп Стамат), еден на затвор во траење од две години, додека петмина обвинети биле ослободени.

Поради пренатрупаност во солунскот затвор, на 6 јули 1901 година, зедно со 38 затвореници, меѓу кои биле Христо Матов, Христо Татарчев, Пере Тошев Иван Хаџи Николов и други, во придружба на 20 војници под придружба на еден поручник, Татарчев бил спроведен со паробродот "Марија" (во сопственост на компанијата Хаџи Даут) и испратен за Подрум Кале, каде требало да ја издржува својата казна зедно со своите другари.

Задграничен претставник мини|лево|150п|Татарчев како воен лекар од Бугарската армиja.мини|десно|300п|Софија Заедно со Христо Матов и Пере Тошев, Христо Татарчев бил помилуван на 19 август 1902 година од страна на султанот. На помилувањето му претходело тоа што Татарчев му помогнал на некој висок османлиски службеник така што успешно ја породил неговата сопруга, која претходно три дена се породувала во големи болки. Меѓутоа, иако ослободен, тој не заминал веднаш дома, туку секој ден им носел храна на своите другари кои ја издржувале затворската казна.Жанета Здравковска, "Поради страдањата уште повеќе се гордееме со Татарчев", Дневник, година XVI, број 4 995, 23 октомври, стр. 3. На враќање од Подрум Кале, на 30 август 1902 година, во Грција, Татарчев бил повторно уапсен, под обвинување дека соучествувал во убиството на некој грчки лекар во Гуменџе. Сепак, под притисок на бугарската јавност, тој бил ослободен. Истовремено, неговата куќа била каменувана, зашто се оженил за Софија, ќерката на грчкиот конзул во Солун. При крајот на 1902 година, Татарчев бил именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.

Во почетокот на ноември „Врховистичкото востание“ спласнало и тогаш Иван Гарванов со новоназначените задгранични претставници Христо Матов и Христо Татарчев, во тајност од другите членови на Централниот комитет се решил за востание. Матов и Татарчев, веднаш откако пристигнале во Софија на својата должност, започнале преговори за помирување со Врховниот комитет.

Во средината на декември, Христо Татарчев имал средба со бугарскиот премиер Стојан Данев и кнезот Фердинанд I и известил дека акциите идната година се неминовни. Кон крајот на ноември 1902 година, ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил известување за одржување Конгрес.

Задграничното претставништво, откако го примило писмото од ЦК, организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други. Притоа, Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание.

На Солунскиот конгрес од 1903 година била донесена одлука за кревање на Илинденското востание, меѓутоа Татарчев, кој бил поборник за кревање на востанието, истакнал дека: Солунскиот конгрес... бил совршено незаконски, бидејќи ја одзел можноста на ЗП како составен дел на ЦК, да се искаже по прашањето за востанието.

Во екот на востанието, Задграничното претставништво во име на Организацијата се обратило до големите сили. Преку Декларација, било истакнато дека вмешувањето на големите сили е: единствено средство за се отстрани злото и да се запре пролевањето на крвата. Притоа, било побарано, со согласност на големите сили, за главен управник во Македонија да се назначи христијанин, кој немало да припаѓа на турската администрација и ќе делувал независно од Високата Порта. Било потенцирано дека македонското прашање може да биде решено само доколку постои ефикасна меѓународна контрола.

Постилинденска дејност