Свети Илија — главна селска црква во охридското село Елшани. Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Елшани.

Местоположба

Црквата е сместена на возвишение, во средишниот дел на селото.

Историја

Била изградена во век. Во 1859 година била возобновена.

Во 2009 година во црквата била извршена тешка кражба.

Архитектура

Градбата на црквата е еднокорабна. На север, запад и југ е опкружена со затворен трем. Кон црквата е додадена камбанарија со две ѕвона.Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009

Фрескоживопис

Црквата го добила својот живопис во 1944 година од страна на зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, а олтарот е фрескоживописан во 2002 година од страна на уметникот Драган Ристески.

Галерија

Поврзано Елшани Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Пештанска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Елшани Елшани Категорија:Дела на Дебарската школа