Братство е културно-просветно друштво создадено од битолското граѓанство со цел да се спротивстават на Бугарската егзархија и бугарска пропаганда во Македонија Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980.
Основање и членство
Во 1880 година во Битола било основано друштвото Братство, а една година подоцна било основано читалиштето Просвештение, ова читалиште на 25 март 1881 година донело свој устав.
Во друштвото Братство не членувале само егзархисти туку и патријаршисти, а имало претставници и на муслиманите (Албанци и Турци). Меѓутоа егзархистите биле доминантни и затоа егзархиската црковна власт во Битола го сметала друштвото за своја компетенција бунејќи се притоа поради членувањето на другите верски и национални припадности.
Цел
Братство и Просвештение официјално имале просветни цели. Меѓутоа токму поради таквата просветно - културната дејност, тие дошле во судир со претседетелот на Битолската егзархиска општина, попот Ставре. Подоцна во судирот се замешала и самата Егзархија.
Судир со Егзархијата
Поводот за судирот се случил на 12 февруари 1883 година. Тој ден во училишната зграда се одиграла комедијата Беспаричие на Тургенев, во превод од руски на македонски народен јазик В.Марица VI/1 март 1883, бр. 468, с.4. Таквата дејност продолжила и истата година била прикажана и пиесата Цилиндар од Стојчев во превот од бугарски на македонски говорен јазик В.Марица VI/5 декември 1883, бр. 493, с.4.
Подоцна биле прикажани уште три Молиерови комедии Лажно болниот, Скаперник и Лагите на Скамен. Комедиите биле преведени од француски на македонски народен јазик од страна на Влавот Коста Косму, драмски писател и поет од селото Гопеш, Битолско Tache Papaochgi, Antologie aromänescä. Buchuresh, 1922, XXX, s. 232, 239, 240, 245.
Поп Ставре протестирал во име на општината токму поради репертоарот и употребата на македонскиот говорен јазик наместо бугарскиот јазик од страна на драмската секција, Ставре за својот протест ја известил и Егзархија .
Братство во однос на протестот на поп Ставре истакнало деко егзархиската црковно - училишна општина нема право да се меша во дејноста на друштвото бидејќи тоа не е во сосотав на општината.
Спорот траел до септември 1885 година. На 17 септември 1885 година општината го известило Братство дека треаба да ја прекрати својата дејност бидејќи не се покорува на своето началство. Друштвото од своја страна пак на 25 септември 1885 година донело одлука да се обрати до вилаетската власт и да биде регистрирано согласност турските закони. Во молбата која била испратена било истакнато дека:
Меѓутоа вилаетските власти одбиле да извршат регистрација на друштвото истакнувајќи дека просветата за христијаните е во исклучива компетенција на црквата па друштвото треба да се одлучи за една од двете цркви: Егзархијата или Патријаршијата . Властите истовремено истакнале дека муслиманите не смеаат да членуваат во христијанкси друштва по никаква законска основа.
Распуштање
Друштвото добивајќи ваков одговор од властите и не сакајќи да се покори на Егзархија, решило да престане со својата работа.
Извори
Категорија:Бугарска пропаганда во Македонија Категорија:Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди Категорија:Македонско национално движење