Требишта или Требиште () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Населено е со Македонци од мешана вероисповед и високоразвиена национална свест.
Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо. Местото всушност претставува административна целина, бидејќи трите маала на селото веќе од одамна се сметаат за посебни села. Тие се Горно Требишта или Балаја (Trebisht-Balaj), Требишта-Мучино (Trebisht-Muçinë) и Требишта-Челебија (Trebisht-Çelebi).
Низ Требишта тече Требишка Река која минува низ него во североисточен правец, ја преминува државната граница крај планината Црвеница (1.015 м) и се влева во заливче на Дебарското Езеро кај вијадуктот „Требишки мост“ на патот Р1201 (Струга-Дебар).Врбничка Река (9807302) — GeoNames
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Трабишта (Trabichta) било село со 965 домаќинства сочинети од 1.300 Македонци муслимани и 1.030 Македонци-христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 172-173. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Требишта живееле 70 Македонци-христијани и 2.500 Македонци муслимани.
Во податоците за следните периоди христијанското население е доста ниско (иако сигурно било помало од муслиманското), што веројатно се должи на тоа што во нив се претставува само по едно маало.
На почетокот на XX век меѓу христијанското население на селото се наметнала бугарската пропаганда. Според секретарот на Бугарска егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Требишта (Trebichta) имало 152 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, p.152-153.
Според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. Требишта-Дрим имало 8 македонски куќи под егзархијата и 960 македонски муслимански куќи.Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2. Според Георги Трајчев во 1911/1912 г. во Требишта имало 8 православни куќи со 68 жители.Трайчев, Георги. Български селища в днешна Албания, во: Отецъ Паисий, 15-31 юли 1929 година, стр. 213.
Во отчет на Павел Христов, главен деец на бугарската просвета во Албанија, и Глигор Ошавков од 28 јануари 1914 г. Требишта е село со 12 православни куќи.Отчет на Трпе Поповски и Павел Христов до Тодор Павлов од 28 јануари 1914 г.
Во извештај на Сребрен Поп Петров, главен инспектор-организатор на бугарската црковно-училишна дејност во Албанија, во 1930 г. Требишта е посочено како село со 600 куќи, од кои дел се православни Македонци, а останатите се Македонци муслимани.Доверлив извештај бр. 54 на Сребрен Поп Петров
До 2015 г. селото било седиште на самостојната Општина Требишта.
Демографија
Култура
Личности Ристо Николов Андоноски — македонски револуционер од ВМОРО.
Поврзано Список на села во Албанија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Албанија Категорија:Голо Брдо Категорија:Македонско-албанска граница Категорија:Булчица Категорија:Дебарски села Категорија:Македонско-албански гранични премини Категорија:Македонски населби во Албанија