Роберт Наумоски (, ) ― австралиски спортист од македонска народност, еден од најголемите практивачи на бразилска џиу-џица во светот. Воедно тој е првиот Македонец носител на црн појас во овој спорт.
Животопис
Наумоски е роден во 1974 година во Сиднеј, Австралија. Потекнува од Прилеп. Почнал да вежба боречки вештини уште на 12-годишна возраст. Во 1994 добил црн појас. До 2010 година пет пати бил првак на Нов Јужен Велс, трипати австралиски првак и четири пати сетихоокеански првак. Тој е прв носител од Македонија на црн појас во бразилска џиу-џица. Има одржано 120 борби (состојба 2010), од кои доживеал само осум порази. Неговата сопруга Маја, исто така, тренира бразилска џиу-џица. Живее во Сиднеј. Наводи
Категорија:Австралиски практивачи на бразилска џиу-џица Категорија:Македонци од Австралија Категорија:Австралиски спортисти Категорија:Луѓе со потекло од Прилеп