Љупчо Димовски ( во Велес) — македонски политичар, економист. Тој моментално ја извршува функцијата министер за политички систем и е водач на Социјалистичка партија на Македонија.

Животопис Љупчо Димовски е роден на 9 април 1959 година во Велес. Неговата кариера опфаќа повеќе од три децении работа во различни области, вклучувајќи економија, финансии и јавна администрација.

Димовски стекнал високо образование на Факултетот за економски науки при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што специјализирал областа на меѓународните финансии, банкарство и финансиско-сметководствено работење.

Неговата професионална кариера започнала во 1987 година во „Технометал - Вардар” А.Д. – Скопје каде работи како комерцијален референт. Преку својата работа, тој брзо напреднал и станал помошник директор на Секторот за електротехнички стоки. Од 1998 до 2004 година, тој работел и како генерален директор на „Електронска индустрија - Скопје”. Од 2005 до 2008 година, тој бил генерален директор и на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило” – Скопје, каде што управувал со сите активности на претпријатието.

Неговата политичка кариера започнала во 2008 година, кога станал заменик министер за транспорт и врски. Во 2009 година, пак, тој бил назначен за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, позиција која ја извршувал до 2014 година.

Од 2014 година до 2024 година, Димовски бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во 2024 година Љупчо Димовски бил избран за вицепремиер и министер за политички систем.Љупчо Димовски - вицепремиер и министер за политички систем

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Велес Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Македонски министри Категорија:Политичари од СПМ Категорија:Пратенички состав 2014-2016 Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје