Соња Манџук — македонска писателка, поетеса и колумнист. Животопис Соња Манџук родена е во 1966 година во Скопје. Работи како колумнист во интернет-порталот „Слободен свет“. Творештво „Воопшто без“, (поезија, 1989 г.) „Земјовање, (поезија, 1991 г.) „Деан Кингер: сместен во смешна куќа“, (новела, 1994 г.) „Стилски вежби“ (збирка раскази, 2013 г.) „Насон прочитана книга“, (роман, 2019 г.) Награди и признанија Награда „Пегаз“ - за најдобар необјавен роман на годината во Македонија за 2019 година за романот „Насон прочитана книга“. Награда за најдобра новела на анонимен конкурс, распишан од издавачката куќа „Феникс“ во 1993 година за новелата „Деан Кингер: сместен во смешна куќа“. Прва награда на конкурсот на „Студентски збор“ во 1992 година, за расказот „Затвори го добро фрижидерот“. Во најтесен избор за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело за збирката раскази „Стилски вежби“. Наводи

Надворешни врски Соња Манџук: „Пегаз“ го издигна романот „Насон прочитана книга“, но и прелетува во неговата приказна Книжевни разговори со Соња Манџук

Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Луѓе од Скопје