Јован Цветковски, познат како Јован Долгач ― македонски (србомански) војвода на Српскиот комитет на четничката акција во Западна Македонија.
Животопис
Долгач е роден во селото Кошино, Прилепско. Како млади со својот брат Змејко криумчареле оружје, а потоа влегле во ВМРО со цел да се борат против Османлиите и албанските качаци.
До 1904 тој бил член на ВМРО. Влегол во Српскиот комитет на четничката акција затоа што злоупотребил голема сума пари на ВМРО.
Во 1906 година, тој го убил сопствениот брат Змејко, војвода на Македонската револуционерна организација, бидејќи не сакал да премине на српска страна.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 51.
Учествувал во борбите кај Мукоса во 1905 и Крапа во 1906.
Во 1905 година, по долги натегања, тој го убил војводата Максим Костов.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 83.. Учествувал во Балканските војни, но српските власти го уапсиле бидејќи се обидел да убие еден Бошњак, кој го сметал за Турчин .
Во текот на Првата светска војна во есента 1915 година во родното село, тој бил заробен од чета на ВМРО и бил ликвидиран заедно со целото жандармериско одделение.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 146.
Наводи Други наводи: http://www.srpsko-nasledje.rs/sr-c/1998/12/article-11.html
Категорија:Родени во 1860 година Категорија:Починати во 1915 година Категорија:Луѓе од Кошино Категорија:Починати во Кошино Категорија:Војводи на Српскиот комитет на четничката акција Категорија:Србомани