Бујар Османи (роден на во Скопје) — македонски хирург и политичар, и поранешен министер за надворешни работи на Република Македонија.

Образование 2008– асистент по предметот Хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје 2006– специјализација по општа хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје 2004– последипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје, отсек хирургија 1997–2004 – Медицински факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, општа медицина 1993–1997 – ДМУЦ „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје, медицински техничар–сестри

Работно искуство ноември 2006 – ноември 2007, Клинички и истражувачки соработник на професор Брајан Р. Давидсон, Оддел за хирургија, единица за хепато-билио-панкреатична хирургија, Royal Free Hospital, Хампстед, Лондон, Обединетото Кралство 2004 – продолжува, Специјална Болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ - Скопје Работна единица: општа и абдоминална хирургија октомври 2004 – декември 2004, ДМУЦ „Д-р Панче Караѓозов“ - Скопје како предавач по микробиологија, фармакологија и гинекологија 1998–2003, Здружение на млади „Фан С. Ноли“ како секретар на здружението

Министер за надворешни работи На 17 јули 2022 година, министерот Османи заедно со министерската за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска, потпишаа втор протокол за имплементација на член 12 од Договорот за пријателство со Бугарија, што стана услов за Бугарија да ја одобри преговарачката рамка за ЕУ. Протоколот предвидува дека следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ да се одржи откако во сила ќе влезe измената на Уставот за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ.

Наводи

Надворешни врски Протокол од Второто заседание на Заедничката меѓувладина комисија од 17 јули 2022 (на бугарски)

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Македонски министри Категорија:Македонски Албанци Категорија:Политичари од ДУИ Категорија:Апсолвенти на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Медицинскиот факултет - Скопје Категорија:Вицепремиери на Македонија