Роберт Алаѓозовски ( во ) — македонски есеист, раскажувач, критичар и преведувач. Во периодот од 1 јуни 2017 до 4 јуни 2018 година бил Министер за култура на Република Македонија.
Животопис Алаѓозовски е роден на 27 октомври 1973 година во Струмица. Магистрирал на катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (на тема „Теориско-поетички аспекти на македонската постмодернистичка проза“. Автор е на: зборникот уметнички и неуметнички текстови „Флорилегиј“ (во издание на Блесок); преку 150 рецензии, критики, есеи, прилози и дузина студии од областа на филмот, литературата, театарот и од интердисциплинарни теми, објавени во повеќе весници и списанија; неколку преводи на текстови и книги.
За својата работа и залагање ги има добиено следниве признанија: награда на поетскиот фестивал „Поткозјачки средби“, Куманово (1994); откупна и втора награда на Конкурсот за краток расказ на „Студентски збор“, (1996 и 1997 година). Застапен е во антологијата на краток расказ на Катица Ќулавкова „Царски Рез“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Писатели од Струмица Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски критичари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски писатели Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Магистри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје