За други значења видете на појаснителната страница за Ѓорѓи Крстевски

Ѓорѓи Крстевски (, ) — македонски изведувач, композитор, текстописец, аранжер и продуцент. Животопис

Крстевски е роден на 3 септември 1981 година во Скопје. Своето деби го имал во 1997 година, на фестивалот Тинс хит, каде со извесна Бил­јана ја отпеал песната Само за тебе. Прв посериозен сингл, кој станал хит, била баладата Без тебе, а истата 1999 годи­на од работилницата на Ѓорѓи излегла и песната Ти си. Потоа следувале Таму некаде, во 2000 година, за која бил снимен и видео-спот, а веќе наредната година тој ја промовирал песната Си­мона. Соработка со поп-дивата Калиопи, Крстевски ја остварил во 2002 го­дина, кога на домашниот избор за Песна на Евровизија тој ја пееше нејзината композиција Песна за тебе. Во 2002 година покрај настапот на фестивалот во Зеница, во ете­рот бил лансиран новиот сингл Крај на, а во октомври уште една балада – Засекогаш твој. Во почетокот на 2004 година, тој со Валентино Скендеровски, во негово­то студио Enterprise, Ѓорѓи го снимил својот нов албум, на кој, покрај деветте нови песни, се нашла и српската верзија на Несудена, премиерно изведена во 2003 година, на фестивалот во Бања Лука. Живее во Скопје. Дискографија Во името на љубовта (самостојно издание, 2002) Засекогаш (2004) Она најдобро од нас (2009)

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Ѓорги Крстевски: се палам на заоблено и цврсто газе Дискографија на Ѓорѓи Крстевски евидентиран од ВБУ Музички Регистар

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски продуценти