Петар I Александриски бил Патријарх на Александрија во периодот од 300 до 311 година. Тој за христијански светец е прогласен од страна на Коптската, Римокатоличката и Православната црква

Петар бил ученик и следбеник на Теон Александриски. Некое време бил учител во прочуената филозофска школа на Ориген. На архиепископскиот престол стапил во 299 или 300 година, а починал во 311. Со црквата управувал во претешко време, кога над верните насилствувале однадвор неверниците, а однатре кривоверците. Во негово време во Александрија пострадале шестотини и седумдесет христијани. Често цели семесјтва биле изведувани на губилиште и погубувани. Во тоа време Ариј ги сматувал верните со своето криво учење.

Наводи

Категорија:Коптски папи Категорија:Коптски православни светци Категорија:Египетски светци Категорија:Египетски римокатолички светци Категорија:Ранохристијански маченици Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Римјани од 4 век Категорија:Архиепископи од 4 век Категорија:Христијански маченици од 4 век Категорија:Грчки православни Александриски патријарси Категорија:Свештеномаченици Категорија:Родени во непозната година Категорија:Христијански светци од 4 век