Депеш Моуд (се изговара /dɛˈpɛʃ/, de-PESH) се англиска музичка група за електронска музика формирани во 1980 година во Базилдон, Есекс. Првичниот состав го сочинуваа Дејв Гахан (водечки вокал), Мартин Гор (синтисајзер,гитара,вокал,главен текстописец по 1981 година) и Винс Кларк (синтисајзер,главен текстописец во периодот 1980-81 година).Винс Кларк ја напушти групата по издавањето на нивниот деби албум во 1981 година, Спик енд Спел,и беше заменет од страна на Алан Вајлдер (синтисајзер,тапани) а Гор го презеде пишувањето текстови.Вајлдер ја напушти групата во 1995 година и оттогаш Гахан,Гор и Флечер продолжија како трио. Депеш Моуд имаа 48 песни на британската топ список на синглови и број 1 албуми во Британија,САД и низ Европа.Според ЕМИ,Депеш Моуд продале над 100 милиони албуми и синглови низ светот,правејќи ги најуспешната електронска група во музичката историја.Магазинот Кју ги нарече Депеш Моуд „Најпопуларната електронска музичка група која некогаш постоела во светот“

Историја

Формирање и деби албум (1977–1981) Потеклото на Депеш Моуд датира од 1977 година,кога соучениците Винс Кларк и Ендру Флечер формираа група под влијание на Д Кјур, наречен Ноу Роменс ин Чајна, со Кларк како вокалист и гитарист,а Флечер басист. Во 1979 година,Кларк настапуваше во лажен Ултравокс бенд,План,со пријателите Роберт Марлоу и Пол Ленгвит.Во 1978-79 година,Мартин Гор свиреше гитара во акустичен дует Норман енд д Вормс со школскиот другар Филип Бардет на вокали.Во 1979 година,Марлоу,Гор и пријателот Пол Редмонд формираа група наречена Френч Лук со Марлоу на клавијатури и вокали,Гор на гитара и Редмонд на клавијатури.Во март 1980 година,Кларк,Гор и Флечер основаа бенд наречен Композишн оф Саунд,со Кларк на гитара и вокали,Гор на клавијатури и Флечер на бас гитара. Набргу по формирањето на Композишн оф Саунд,Кларк и Флечер се префрлија на синтисајзери,работејќи чудни работи вклучувајќи столарство за да можат да ги купат или да ги позајмат од пријателите.Дејв Гахан се приклучи на групата во 1980 година откако Кларк го слушна како пее во една локална извидничка колиба,изведувајќи ја песната „Хироус“ од Дејвид Боуви,и така се роди Депеш Моуд.Кога го објаснуваше изборот за ново име на групата (преземено од истоимено француско модно списание) Мартин Гор рече:„Значењето е забрзана мода.Ми се допаѓа како звучи.Гор се сеќава дека првиот пат да настапуваат како Депеш Моуд било на училишна свирка во мај 1980 година.Групата го имаше своето студиско деби во 1980 година на Сам Бизар Албум со песната „Фотографик“, која подоцна беше преснимена за нивниот деби албум Спик енд Спел. Додека настапуваа на свирка во Бриџ Хаус во Кенинг Таун, Даниел Милер се приближи на групата (електронски музичар и основач на Мјут Рекордс),кој беше заинтересиран за нив да снимаат песна за неговата музичка куќа во развој.Резултатот од овој вербален договор беше нивниот прв сингл „Дриминг оф Ми“,снимен во декември 1980 година а издаден во февруари 1981 година,достигнувајќи го 57-мото место на Британските топ листи.Охрабрени од ова,групата го сними својот втор сингл „Њу Лајф“, кој се искачи на број 11 на Британските топ листи. Следнјиот сингл беше „Џаст кент гет инаф“, ова неуморно весело парче на синтпоп стана првиот топ десет хит во Британија и останува една од нивните најпознати песни.Исто така беше првата песна на Депеш Моуд за која се сними спот и е единствениот видео запис со Винс Кларк. Деби албумот на Депеш Моуд,Спик енд Спел,беше издаден во ноември 1981 година и влезе во топ десет списокот на албуми во Британија.Измешани беа критичките оцени – Мелоди Мејкер го опиша како „одличен албум... токму таков како што бил потребен за да се придобие нова публика и да ги задоволат обожавателите не кои едноставно не им е доволно“,додека Ролинг Стоун беше покритичен,нарекувајќи го албумот „пердув со родителски надзор“.

Кларк си заминува,Вајлдер се приклучува (1981–1982) За време на турнеите и промовирањето на Спик енд Спел,Кларк почна скришно да го нагласува своето неспокојство за насоката во која се двиши групата.Подоцна го изрази своето незадоволство,велејќи: „никогаш немаше време да се направи нешто“.Во ноември 1981 година,Кларк јавно изјави дека ги напушта Депеш Моуд.Набргу потоа,се приклучи на блуз пејачката Алисон Мојет и го формираа Јазу (Јаз во САД) а подоцна,дуетот Еражер со Енди Бел.Првичните разговори за Кларк да пишува песни за Депеш Моуд,не доведоа до ништо (Кларк им ја понуди на останаите членови песната „Онли Ју“, но тие одбија. Подоцна истата стана топ 3 хит за Јазу во Британија). Гор,кој ја напиша „Тора! Тора! Тора!“ и инструменталната „Биг Маф“ за Спик енд Спел,беше принуден да стане новиот текстописец за групата. Кон крајот на 1981 година,групата објави анонимен оглас во Мелоди Мејкер барајќи нов музичар.Алан Вајлдер,22 годишен клавијатурист од Западен Лондон,одговори на огласот и по две аудиции беше ангажиран во почетокот на 1982 година најпрво на пробна основа како член за турнеи.Во јануари 1982 година,групата ја издаде песната „Си Ју“, нивниот прв сингл без Кларк,кој успеа да ги надмине песните напишани од Кларк на Британските топ листи,достигнувајќи ја 6-тата позиција.На турнејата која следеше по издавањето на синглот,групата ги имаше своите први настапи во Северна Америка.Уште два сингла „Мининг оф Лав„ и „Лив ин Сајленс“ беа издадени пред вториот студиски албум на групата.Депеш Моуд започнаа да работат на својот втор албум во јули 1982 година.Даниел Милер го информира Вајлдер дека не е потребен за снимањето на албумот,бидејќи групата сакаше да докаже дека можат да успеат без Винс Кларк.А Броукен Фрејм беше издадена тој септември а наредниот месец групата тргна на својата втора турнеја во 1982 година.Сингл кој не се наоѓаше на албум,наречен „Гет д Баланс Рајт“, излезе во јануари 1983 година,и беше првата песна на Депеш Моуд снимена со Вајлдер.

Констракшн Тајм Агејн (1983) За својот трет албум Констракшн Тајм Агејн,Депеш Моуд работеа со продуцентот Герет Џонс,во Гарден Студиос на Џон Фокс и во Ханза Студиос во Западен Берлин (каде што се продуцираше голем дел од триологијата на антологиските електронски албуми на Дејвид Боуви заедно со Брајан Ено). На албумот се гледаше драматична промена во звукот на групата,должејќи се на воведувањето на Синклавир и Е-му Емулатор семплери од страна на Вајлдер.Ставајќи ги звуците од секојдневните предмети,бендот создаде електричен звук под индустриско влијание,со сличности на групите како Арт оф Нојс и Ајнштурценде Нојбаутен,втората подоцна соработуваше со музичката куќа Мјут. Заедно со музиката,пишувањето песни на Гор исто така брзо еволуираше,фокусирајќи се повеќе на политичките и општествените прашања.Добар пример за новиот звук беше првиот сингл од албумот,наречен „Евритинг Каунтс“, коментар за видливата алчност на мултинационалните корпорации. Песната стигна до број 6 во Британија,исто така достигна топ 30 во Ирска,Јужна Африка,Швајцарија,Шведска и Западна Германија.Вајлдер исто така придонесе со две песни за албумот,„Лендскејп ис чејнџинг“ и „Ту Минит Ворнинг“. Во септември 1983 година,со цел да се промовира албумот Констракшн Тајм Агејн,групата тргна на турнеја низ Европа наречена Турнеја Констракшн Тајм Агејн.

Сам Грејт Риворд (1984) Во своите рани години Депеш Моуд стекнаа успех само во Европа и Австралија,сепак ова се смени во март 1984 година кога го издадоа синглот „Пипол ар Пипол“.Песната достигна број 2 во Ирска,број 4 во Британија и Швајцарија и број 1 во Западна Германија,каде што беше искористена за телевизискиот пренос на Западна Германија на Олимписките игри во 1984 година.Доцна го достигна местото број 13 на Американските топ листи кон средината на 1985 година.Оттогаш песната стана химна за Геј заедницата и редовно се свири на геј парадите и фестивалите за геј гордоста.Сајар,издавачката куќа за групата од Северна Америка,издаде компилација по истото име вклучувајќи песни од А Броукен Фрејм и Констракшн Тајм Агејн како и неколку б-страни. Во септември 1984 година излезе албумот Сам Грејт Риворд.Мелоди Мејкер тврдеше дека албумот направил еден вид на: „седи овде и гледај што се случува овде,токму пред твојот нос“.Наспроти политичките субјекти и оние за животна средина кои беа цел на претходниот албум,песните на Сам Грејт Риворд беа поврзани со полични теми како на пример полова политика („Мастер енд Сервант“), возрасни врски („Лај ту Ми“), и самостојна божествена правда („Бласфимиос Руморс“).Исто така беше вклучена баладата на Мартин Гор („Самбади“) – такви песни се наоѓаа и на наредните албуми.„Самбади“ беше издадена како двојна а-страна со „Бласфимиос Руморс“ и беше прва песна со Гор како водечки вокал.Сам Грејт Риворд беше првиот албум на Депеш Моуд кој успеал да влезе на Американскиот список на албуми,а достигна топ 10 во неколку земји во Европа. Светот во кој живееме и Во живо од Хамбург беше првото видео издание за групата.Скоро е целосен филм од концерт од нивната Турнеја Сам Грејт Риворд,во хамбург,Германија Во јули 1985 година,групата ги имаше своите први концерти зад Железната Завеса, во Будимпешта и Варшава. Во октомври 1985 година,Мјут Рекордс издаде компилација,Синглс 81-85,која ги вклучуваше двата сингла кои не се наоѓаа на албуми:„Шејк д Дисиз“ и „Итс Колд а Харт“. За време на овој период во некои кругови,групата ја пврзуваа со готската подкултура,која започна во Британија во доцните 70-ти години,а сега полека стекнуваше популарност во САД. Таму,музиката на групата најпрво доби на значење на колеџ радиото и станиците за модерен рок како КРОК во Лос Анџелес,(„Квејк“) во Сан Франциско и ВЛИР на Лонг Ајленд,Њујорк,и оттука тие најпрво добија алтернативна публика која беше лишена од правото на глас со доминацијата на „софт-рок и диско пекол“ на радио. Овој поглед на бендот беше сосема спротивен од оној во Европа,и покрај зголемената присутност на мрачен и сериозен тон во нивните песни.Во Германија и во други земји во Европа,Депеш Моуд ги сметаа како идоли за тинејџери и редовно се наоѓаа во списанијата за тинејџери.

Блек Селебрејшн (1986) Музичкиот стил на Депеш Моуд повторно се смени во 1986 година со нивниот петнаесетти сингл „Стрипд“, и албумот „Блек Селебрејшн“. Задржувајќи ги своите често имагинативни семплови и отфрлајќи го звукот на „индустријал-поп“ кој ги карактеризираше нивните два претходни албуми,бендот воведе злокобен,високо мистичен и испреплетен звук.Стиховите на Гор исто така добија помрачен тон и станаа уште попесимистички,иако песната „Њу Дрес“ ќе го одбележи последниот пат кога се обидел со вид на јавно општествено коментирање кое беше карактеристично за претходните два албума на групата. Музичкиот спот за песната „А Куешчн оф Тајм“ беше прв режиран од Антон Корбијн,започнувајќи соработка која трае до денешен ден.Корбијн режираше уште 19 спотови на групата (последниот беше за „Сафар Вел“ во 2006 година).Тој исто така снимаше некои нивни изведби во живо и ја дизајнираше сцената и кориците за албуми и синглови.

Мјузик фор д Масес и 101 (1987–1988) На Мјузик фор д Масес од 1987 година,се појавија уште измени во звукот и методите на работа на бендот. За првпат продуцент кој не е поврзан со Мјут,Дејвид Бескомб,беше повикан да помогне при сесиите за снимање (иако,епоред Алан Вајлдер,неговата улога се покажала на крај како проектант). Во правењето на албумот бендот крајно одбегнуваше семплови со цел да се експериментира повеќе со синтисајзери.Додека достигнувањето на топ листите со сингловите „Стрејнџлав“, „Невер Лет Ми Даун Агејн“ и „Бихајнд д Вил“ се покажа како разочарувачко во Британија,тие се покажаа добро во земји како Канада,Бразил,Западна Германија,Јужна Африка,Шведска и Швајцарија,често достигнувајќи топ 10.Рекорд Мирор го опиша Мјузик фор д Масес како „најсовршен и секси албум на Депеш Моуд досега“ и се проби на Американскиот пазар,нешто што групата не успеа да го постигне со своите претходни албуми.