Тодор Александров Поп Орушов (Ново Село, 4 март 1881 — близина на Лопово, 31 август 1924) — македонски политички водач, војвода и еден од водачите на ВМРО.Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 3
Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров (1905) и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев-Кочански (1907), окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ (1907), член на ЦК на ВМОРО (1911), член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна.
По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија.
Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис.
Потекло и рани години мини|Родната куќа на Тодор Александров|левоТодор Александров е роден на 4 март 1881 година во Штип, поточно населбата Ново Село, тогаш дел од Отоманското Царство. Произлегува од религиозно семејство. Неговиот татко Александар Поп Орушев работел како свештеник и учител во Радовиш. Татко му бил активен деец во црковниот живот на Македонија. Мајка му се викала Марија Хаџи Јанева. Тодор Александаров стекнал основно образование во неговиот роден град.
Во 1895 година, Александров се запишал во Скопското педагошко училиште. Завршил со средношколско образование во учебната 1897/1898 година. Александров бил дел првата генерација на воспитаници од училиштето. Со поттик од Христо Матов, тогашен директор на училиштето, Тодор Александров се приклучил во Македонската револуционерна организација. Александров работел како учител во Штипско и Кочанско. Помогнал со развојот на револуционерната мрежа. Особено Кочанскиот револуционерен реон.
Во македонското револуционерно движење
Македонска револуционерна организација
мини|лево|150п|Тодор Александровмини|350п|Затвореник во Скопје (бр. 53) Во учебната 1897/98, на возраст од 15 година, за време на своето школување во педагошката гимназија во Скопје бил вклучен во редовите на Организацијата од страна на тогашниот директор на гимназијата, Христо Матов. Во 1903 г. Александров учествува во снабдување на дел од експлозивот за Солунските атентатори. Во тоа време соработувал со Павел Шатев кој во своите спомени забележал:
Тој ми остави впечаток на многу разумен, трезвен ум и подготвен за сите жртви пред олтарот на ослободувањето.Шатев, П., „В Македония под робство“, София, 1983, трето издание.
Во почетокот на 1903 година бил назначен за околиски раководител во Кочанскиот реон. Како резултат на предавство, на 3 март 1903 година е осуден на 5 години затвор и казната ја издржува во скопскиот затвор Куршумли ан.
По 13 месеци, во април 1904 година бил амнестиран. Наскоро потоа е назначен за главен учител на II-ро класно училиште во Штип. Александров заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров деноноќно работел за организирањето на штипскиот револуционерен реон. Резултатите од неговата активност се забележани и од турските власти, кои во ноември 1904 година му забрануваат да учителствува. На 10 јануари 1905 година неговата куќа е заградена од многуброен аскер, но Александров успева да се измолкне од војничкиот кордон и се присоединува кон четата на Мише Развигоров, на која што станува секретар. Александров бил делегат на штипскиот реон на Скопскиот конгрес.
Неговото расклатено здравје го тера да стане учител во Бургас во 1906 година, но разбирајќи за смртта на Мише Развигоров, тој го напушта учителството и заминува за Македонија. По убиството на Развигоров, станал секретар на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев. На Третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ (ноември 1907) е избран за еден од окружните војводи на овој округ. По внатрешните поделби на Организацијата, Александров се приклонил кон конзервативното крило и како таков учествувал во работата на Ќустендилскиот конгрес кога дошло до дефинитивен расцеп. За време на Хуриетот не го предал оружјето и се повлекол во илегала.
Обид за обнова на Организацијата
По Младотурската револуција, Реформска струја се откажала од вооружените методи и решиле својата борба за Македонија да ја продолжат по пат на легални методи преку Народната федеративна партија. Наспроти нив, конзервативната струја предводена од Христо Матов ги запазила старите принципи на Организацијата и сметале дека ослободувањето на Македонија може да се изврши со помош на Бугарија.
Оваа групација го задржала старото име ВМРО и со вооружени методи продолжила да дејствува против Младотурците. Бил формиран Централен комитет во кој влегле Тодор Александров, Христо Чернопеев и Петар Чаулев, а за резервен член бил избран Александар Протогеров. Од оваа групација подоцна ќе произлезе ВМРО (Автономистичка).
Магарешки атентати
мини|лево|150п|Поретрет на Александровмини|десно|300п|Тодор Александров, Христо Матов, Георги Мончев, Владимир Сланков и Никола Иванов во Димотика во Балканската војна. Во предвечерието на Првата балканска војна, тој организирал серија атентати познати како Магарешки атентати.
Еден од ваквите атентати се случил во почетокот на 1912 година во Штип, на 1 август 1912 во Кочани, а кон крајот на истиот месец во Дојран. Според некои историчари цел на атентатите: била возбудување на турскиот фанатизам за масовни масакри врз недолжниот македонски народ, од чиишто средини произлегувале и атентаторите. Додатно на ова, прогонувајќи ги четите по селата, и власта од своја страна прибегнувала кон терор и разоружување на населението во местата каде што се случувале атентатите.Виолета Ачковска и Никола Жежов, Предавствата и атентатите во македонската историја, Скопје, 2004
Учество во војните
мини|лево|200п|Александров во четничка униформаthumb|300п|десно|Чета на Тодор Александров во Првата светска војна
Сенародниот собир во Софија во август 1912 година, под претседателство на Александар Протогеров, извршил морален притисок врз Бугарија да и објави војна на Турција. Истовремено со објавувањето и текот на општата мобилизација во Бугарија во втората половина на септември 1912 година, Тодор Александров, Александар Протогеров, Тодор Лазаров, полковник Стефан Николов, Петар Дрвингов, Христо Матов и други, биле повикани кај началникот на Штабот на бугарската армија, генералот Иван Фичев, од кого добиле заповед веднаш да пристапат кон организирање на доброволечки македонски оружени чети.
Под раководството на Александров и Протогеров биле регрутирани повеќе илјади Македонци во рамките на т.н. Македонско-одринско ополчение, кои поради нивната бројност и стравот дека би можеле да го издигнат лозунгот за автономна Македонија, од страна на бугарската воена команда биле испратени да се борат на фронтот во близината на Одрин, наместо во Македонија. Во целокупната балканска мешаница, соодветна улога одиграла и македонската емиграција во Бугарија, која до 1912 година, во поголемиот дел била интензивно вклучена во политичката и револуционерна активност на ВМРО и во сите нејзини струења што се развиле во тоа време. Меѓу тогаш позабележителните жртви на веќе започнатите меѓусебни истребувања на кадрите во ВМРО, кои подоцна ќе добијат грозоморни размери, бил и Герасим Огненов. Тој бил убиен во 1912 година во Аржинското блато, по наредба на Тодор Александров.
Пред почетокот на Втората балканска војна во 1913 година, оваа политичко-воена групација предизвикала вооружени акции и востанија во делот од Македонија под српска власт, а по почетокот на војната се борела во рамките на бугарската војска.
Во време на Првата светска војна, десно-ориентираната ВМРО привремено престанала да постои, а нејзините раководители, четничкиот и војводскиот кадар ја формирале т.н. 11 македонска дивизија, која броела над 30.000 луѓе со сопствен офицерски состав и се борела во рамките на бугарската војска.
Во 1913 г. Александров е началник на разузнавачката служба на бугарските војски во Штип, а за време на Првата светска војна тој е член на Штабот на партизанските одреди на 11. Македонска дивизија како офицер за нарачки. Има средби со сите големи личности во тоа време, а со германскиот цар Вилхелм се среќава дури и двапати, добивајќи од него високи германски воени одликувања. thumb|200px|лево|Tодор Александров и Георги Мончев во 1912 г.thumb|200px|десно|Александров и Пејо Јаворов Поетот Пејо Јаворов, пред својата смрт му се обрати на Тодор Александров со проштално писмо, со желба да биде погребан во македонска комитска облека. Желбата му е исполнета и тој е погребан на 14 октомври 1914 година. Александров со Пејо Јаворов останале пријатели до крајот на животот на поетот. Се смета дека револверот и отровот кои послужиле во самоубиството на Јаворов биле обезбедени од страна на Тодор Александров по молбата на поетот. Долгогодишното пријателство меѓу Александров и Јаворов било криено и пребегнувано во историската наука.Пейо Яворов и Тодор Александров - Приятели в живота, съратници в борбата, Цочо Билярски, УИ "Св. Климент Охридски"
Неформално, тој е неприкосновен шеф на бугарското воено разузнавање на групата западни армии и како таков во април 1917 година напишал белешки за состојбите во Дебарско истакнувајќи:
Навикнати со векови наназад да бидат слободни како птици во нивните непристапни планини, Албанците се посебно огорчени дека им се бара крвавиот данок и тоа за една кауза, која тие ја сметаат за туѓа. Посоченото негодување на Албанците се пројавува низ една тајна организација, за чие постоење има сериозни навестувања. Таа организација има пошироки размери и врски со албанското население во Австрија (се мисли на Република Албанија, под австриска администрација - н.з.). Имајќи го предвид националниот темперамент на Албанецот кој лесно се наведува на вооружена пресметка, тогаш нема ништо чудно ако еден ден осамнеме со бунтови во тој крај. Неопходни се брзи и ефикасни мерки! КОРУМПИРАНАТА МАКЕДОНСКА ВЛАСТ И АЛБАНСКИОТ РАДИКАЛИЗАМ ЌЕ ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКА ВОЈНА! (в-к "Фокус", бр. 165, година IV, 14.8.1998).
Однесувањето на Албанците, особено на оние од гр. Дебар станува застрашувачко. Поранешните симпатии кон нас не само што исчезнаа, туку им го отстапија местото на нескриените негодувања и закани. Фразите, како што се ги надминавте Србите (се мисли на ѕверствата што ги правеле Србите врз албанското население - н.з.), ќе се одмаздиме и слични на нив, се слушаат на секој чекор.
Охридското востание
мини|лево|200п|Петар Чаулев Во неколку наврати преговара со албанските првенци за борба против Србите и Турците, а како водач на ВМРО уште во март 1911 г. има средба со членовите на албанските организации во Цетиње, Црна Гора.
Резултат на средбите е меѓусебна спогодба, како и Охридското востание во септември 1913 г., кое ВМРО го кренала против српските поробувачи, а во кое значајно учество земаат и албанските револуционери.
Востанието кое избувнало во југозападна Македонија раководено од Петар Чаулев, Павел Христов, Милан Матов и други зафатило широк простор меѓу Охрид, Кичево, Дебар и Струга.
Слабите српски сили на овој терен, во првиот момент, не можеле да се спротивстават на македонско-албанските востаници. На 12 септември 1913 година, Петар Чаулев и Христов со своите чети влегле во Охрид.
На 6 октомври 1913 година, Битолскиот окружен началник известува дека положбата во граничните реони се смирувала. Бунтовниците биле разбиени и се повлекувале во Албанија. Според Иван Катарџиев: