Грешките на жената е недовршен роман на британската феминистка Мери Волстонкрафт, кој е продолжение на нејзината револуционерна, политичка расправа Одбрана на правата на женaтa (1792). Грешките на жената бил објавен посмртно во 1798 од нејзиниот сопруг, Вилијам Годвин и се смета за едно од најрадикалните, феминистички делаТејлор, Поглавје 9 Шапиро 37; 149.

Во овој филозофски и готски роман се работи за една жена која е сместена во лудница од страна на нејзиниот сопруг. Тој се однесува повеќе на општествените отколку на поединечните „неправди врз жените“ и го критикува бракот како патријархална заедница заштитена од правниот систем, каков што Волстонкрафт го перцепирала во Британија во 18-иот век. Сепак, неволноста на хероината да се откаже од нејзините романтичарски фантазии, исто така ја прикажува согласноста на жените со нивното угнетување, преку лажниот и штетен сентиментализам. Во овој роман за првпат се слави женската сексуалност и идентификацијата меѓу жените од различни класи. Овие теми, заедно со објавувањето на скандалозните Мемоари на Годвин за животот на Волстонкрафт, го направиле овој роман неславен во времето кога бил објавен.

Феминистичките критичари од 20-иот век го прифатиле делото и го интегрирале во историјата на романот и феминистичкиот дискурс.Честопати на него се гледа и како на романсирана популаризација на Правата на женaтa, како продолжение на феминистичките расправи на Волстонкрафт во Правата на женaтa, и како на автобиографско делоБиографите како Вардал и Санстејн се потпираат на пасуси од The Wrongs of Woman, за да го толкуваат животот на Волстонкрафт.. мини|Првата страница од Грешките на жената Композиција и кратка содржина Ракописи

Волстонкрафт ја пишувала Грешките на женaтa повеќе од една година, за разлика од Одбрана на правата на мажите (1790), која ја напишала релативно бргу, како одговор на Размисли за револуцијата во Франција (1790) на Едмунд Берк, за помалку од месец и Одбрана на правата на женaтa (1792). Годвин вели:

Таа е разумна во поглед на тоа колку е тешко да се напише вистински добар роман и ја вложи сета своја сила да го достигне тоа. Сите други дела й беа напишани многу брзо, а тоа не й овозможи да се искаже целосно. Но, ова беше напишано полека и со зрел пристап. Го започна употребувајќи неколку форми, кои потоа ги отфрли, сè додека не беа значително усовршени. Повеќето делови од романот ги пишуваше по неколкупати и кога ќе го завршеше она што й беше испланирано за првиот дел, таа чувствуваше поголем стимул да го повтори и поправи она што го имаше веќе напишано, отколку да продолжи понатамуГодвин, 111.

Таа исто така истражувала за книгата многу повеќе одошто за останатите. Прифаќајќи да биде уредник за проза и пишувајќи критики речиси само за романи, таа ја искористила својата позиција на уредник на Аналитичкиот приказ на Џозеф Џонсон да се образова во поглед на техниките на романот. Таа дури ја посети и болницата Бедлам, на 17 февруари 1797, за да ги истражи лудницитеКели. Револуционерен Феминизам, 204-12.

Поради смртта на Волстонкрафт во 1797, ракописот останал недовршен. Годвин ги објавил сите делови од ракописот во Посмртните дела, притоа самиот додавајќи неколку реченици и параграфи за да ги спои деловите во книгатаМелор, 420; Тејлор, 135-36, Шапиро, 39. Кратка содржина

Грешките на жената започнува ин медиас рес, со неправедното затворање на Марија, која припаѓа на повисоката класа, од страна на нејзиниот сопруг, Џорџ Венаблс. Тој не само што ја остава Марија да гние во лудница, туку й го одзема и детето. Таа успева да се спријатели со една од службеничките во лудницата, жена од пониската класа, Џемима, која откако сфаќа дека Марија не е луда, се согласува да й донесе неколку книги. Некои од нив имаат белешки испишани од Хенри Дарнфорд, уште еден пациент од лудницата, а Марија се заљубува во него, преку неговите белешки. Двајцата започнуваат да комуницираат и на крајот се среќаваат. Дарнфорд открива дека водел развратен живот и еден ден се разбудил во лудницата, по ноќ помината во опивање и притоа не можел да ги разубеди докторите да го пуштат.

Џемима исто така им ја раскажува својата животна приказна на Марија и Дарнфорд, кажувајќи дека е родена како копиле. Нејзината мајка умрела додека таа сè уште била бебе, со што нејзината општествена положба уште повеќе се влошила. Затоа таа била приморана да биде слугинка во куќата на нејзиниот татко, а потоа и потчинета на господар кој ја тепал, ја изгладнувал и ја силувал. Кога неговата жена дознала дека Џемима е бремена од него, ја избркала од куќата. Не можејќи да се издржува, таа го абортирала детето и станала проститутка. Откако умрел нејзиниот заштитник, таа стапила во служба во лудницата, каде што е сместена Марија.

Од седмото до четиринаесеттото поглавје (околу половина од завршениот ракопис), Марија ја раскажува сопствената животна приказна во расказ што й го посветува на својата ќерка. Таа кажува дека нејзиниот татко и нејзината мајка го сакале најстариот син Роберт повеќе од останатите деца, а тој „тирански“ управувал над другите. Сакајќи да избега од несреќниот дом, Марија отишла кај соседите и се заљубила во нивниот син, Џорџ Венаблс. Венаблс на сите им се претставувал како почитуван и ценет млад човек, а всушност бил развратник. Животот на Марија станал уште полош кога мајка й починала, а татко й ја донел дома неговата љубовница. Богатиот вујко, кој ја сакал Марија, без да ја согледа вистинската природа на Венаблс, им договорил брак и и дал мираз од 5.000 фунти.

За кусо време Марија го открила вистинскиот карактер на нејзиниот сопруг. Таа се обидела да го игнорира сето тоа, насочувајќи се кој книжевноста и уметностите, но тој станувал се поразвратен: се курвал, се коцкал и целосно банкротирал. Набргу, Марија затруднела, по еден несакан полов однос со сопругот. Откако Венаблс ќе се обиде да ја продаде Марија на еден од неговите пријатели, како госпоѓа С, Марија сака да го остави, но не успева. Таа најпрво бега и успева да се всели на неколкуразлични локации, честопати заедно со други жени, кои исто така биле малтретирани од нивните сопрузи, но тој секогаш успева да ја најде. Кога ќе се обиде да ја напушти Англија со новороденото бебе и со богатството од тогаш веќе починатиот вујко, сопругот й го зема детето и ја сместува во лудница. Оттука па понатака делото е расцепкано. Фрагментарен завршеток

Фрагментарните забелешки во остатокот од романот, индицираат две различни траектории на содржината и пет различни заклучоци. И во двата главни завршетока, Венаблс ја добива парницата против Дарнфорд, поради заведување на неговата жена; Дарнфорд затоа ја напушта Англија и си наоѓа нова љубовница. Кога го дознава тоа, Марија го губи детето, со кое е бремена од Дарнфорд (дали преку абортус или спонтано). Во еден од краевите, Марија се самоубива. Во друг, малку поцелосен крај, Џемима й ја наоѓа првата ќерка и ја спречува Марија да се самоубие. Марија одлучува да живее за своето дете (како што прави и Волстонкрафт, по нејзиниот втор обид за самоубиство). Џемима, Марија и нејзината ќерка си прават сопствено посебно семејство Мелор, 420; Тејлор, 135-36, Шапиро, 39.

Стил

Во деловите напишани за Аналитички приказ, Волстонкрафт развива систем на критериуми, за добар роман:

Добрата трагедија или добриот роман, доколку критериумот е ефектот кој го има врз читателот, не е секогаш најморално дело, зашто тоа не се потпира на чувствата, туку на битките со страстите-оние човечки страсти што честопати го засенуваат разумот и ги водат смртниците во сериозни грешки... кои ги поттикнуваат најживописните емоции и оставаат најдолготрајни впечатоци, а таквите впечатоци повеќе се чувствуваат со срцето, отколку со разумот: сепак нашите чувства не се секогаш по наша волја, како што кажува разумот (нагласува Волстонкрафт)Маерс "Literary reviews", 87.

Волстонкрафт верува дека романот треба да биде „веројатен“ и да отсликува умереност, разум и задоволствоМелор, 419 Кели. Револуционерен Феминизам, 205 . Затоа, зачудувачки е што Грешките на жената е дело инспирирано од Сицилијанска романса (1790) на Ен Редклиф и се темели на конвенциите на готскиот роман, како на пример буквалниот и фигуративниот „замок на очајот“ каде е заробена Марија. Но, таа го употребува сето тоа со цел да докаже дека тој готски ужас е, всушност, реалност за просечната Англичанка. Со употреба на готски елементи, Волстронкрафт, на пример, го портретира сопругот на Марија како тиранин, а нејзиниот брачен живот како мизеријаМаерс. "Unfinished Business", 112. Како што и самата Волстонкрафт пишува во Предговорот на Грешките на жената:

Во многу наврати можев да ги направам настаните подраматични, можев да си го жртвувам главниот предмет, желбата да ја прикажам мизеријата и угнетувањето, вообичаена врз жените, како резултат на пристрасните закони и обичаи во општествотоВолстонкрафт, Мери. The Wrongs of Woman, 73.

Еден од моделите за романот на Волстонкрафт бил Калеб Вилијамс на Годвин (1794), притоа прикажувајќи како еден авантуристички и готски роман може да понуди критика на општествотоКели. Револуционерен Феминизам, 217. Раскажувач

Во грешките на женaтa се употребува нарација во трето лице, иако поголеми делови од приказните на Џемима и на Марија се во прво лице. Раскажувачот најчесто ги поврзува чувствата на Марија со оние на читателот, преку новата техника на слободен индиректен говор, при што се губи строгата граница помеѓу раскажувачот во трето и во прво лице, преку дијалог во текстот. Волстонкрафт ги спојува настаните во романот и преку нивното прераскажување од страна на Марија и преку нејзините внатрешни чувства. Приказните во прво лице овозможуваат Марија и Џемима да се обраќаат меѓусебно како да се еднакви нивните трогателни приказни, а сепак овозможуваат секој лик да остане поединец самиот по себе, тие се и гранична и поврзувачка сила во едноКели. Револуционерен Феминизам, 208.

Грешките на жената е роман што во осумнаесеттиот век се нарекувал јакобински роман, филозофки роман, кој ги проповедал идеите на Француската револуција. Романот на Волстонкрафт, заедно со другите романи како Мемоарите на Ема Кортни (1796), на Мери Хеј, сметаат дека жените се жртви на постојаната и систематична неправда. Волстонкрафт употребува филозофски дијалози, со цел да ја демонстрира немоќта на жените.

Како и кај другите јакобински романи, се употребуваат сугестии во имињата на ликовите, со цел да се разоткрие скриена порака: Џемима- Job's daughter (ќерка на Јов), името Хенри Дарнфорд потсетува на Хенри Дарнли, вториот сопруг на Мери, Кралицата на Шкотите, а Џорџ Венаблс има исто име како познатиот женкар Џорџ, Принцот од Велс. Во својот филозофски дискурс, Волстонкрафт цитирала и од познати дела, како на пример од Шекспир, со цел да алудира на важни историски настани и да искаже некои релевантни факти. Грешките на жената ја прикажува состојбата на жените во општеството преку препишување на претходните дискурси со феминистичка наклонетост, како Том Џонс на Хенри Филдинг. Г-ѓа Фицпатрик станува Марија на Волнстонкрафт. Овие реторички стратегии ги прават филозофските елементи на романот сфатливи за мнозинствотоКели. Револуционерен Феминизам, 207-12 Тејлор, 132. Теми

На крајот на Правата на жената, Волстонкрафт й ветува на читателската публика дека ќе има и втор дел. Наместо да им понуди уште една филозофска расправа, таа им сервира роман измешан со автобиографија, соодветно насловен како Грешките на женатаГубар (нема нумерирање во HTML верзија). Во нејзиниот Предговор, таа пишува дека романот треба да се перцепира како приказна за жените, а не да се зема поединечно.Волстонкрафт настојува да ги опише, како што Ен К. Мелор вели, „грешките направени врз жените и грешките направени од жените“ (нагласува Мелор)Мелор, 415.