Белотино — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
Белотино се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 16 километри. Надморската височина во селото е 518 метри а површината на селото изнесува 808 ха. thumb|десно|Црква „Св. Ѓорѓи“ thumb|десно|Белотино thumb|десно|Селска чешма thumb|десно|Чешма на излезот од селото
Селото се граничи со Вељуса, Водоча, Попчево, Рич, Башали, Плавуш.
Топонимија Во рамките на селскиот атар се наоѓаат следниве топоними: Божинов Дол, Јанак, Коџев Рид, Курија, Лака, Перица, Перишица, Редџовица, Сврка, Селиште, Село, Сирка, Солишта, Спротива, Хоџев Рид, Црквите, Црквиште, Црновиште, Шавар, Шева Крушка.
Историја Османлиски период
За името на селото се споменува една легенда. Според неа, во селото Градец (денеска напуштено) живееле тројцата браќа Андон, Митко и Трајко заедно со својата сестра Тина која била млада и убава. Убавата Тина еден ден сакал да ја грабне тамошниот бег. Браќата за да ја заштитат морале да побегнат од селото и преку планина се населиле на местото каде денеска се наоѓа Белотино. Во чест на нивната сестра Тина и ден денеска ова село се нарекува Белотино - по бела Тина како на галено ја нарекувале.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Белотино се состоело од 12 семејства и 45 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Белотино имало 78 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 72 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107..
Во селото имало комитет на ВМРО, основен кон крајот на 1909 година од Христо Чернопеев, Михаил Думбалаков, Константин Самарџиев и Кочо ХаџимановДумбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцит на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 88.. Во текот на Балканските војни селото било ослободено од страна на четите на Михаил Думбалаков и Кочо ХаџимановДумбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцит на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 172..
Југословенски период
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Кралство СХС и подоцна Кралство Југославија. На 22 март 1922 година од страна на ВМРО биле организирани атентати врз српската полиција, од кој напади загинале десетина полицајциМ. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр. 312..
Во почетокот на септември 1944 година, во селото бил формиран народноослободителен одбор, додека во селото претходно бил формиран и Главен штаб на НОВ.
Стопанство
Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 40 ха.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 29 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 12 Македонци и 1 лице без податоци.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1769 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.
На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 14 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Црква „Св. Ѓорѓи“ Јанци, археолошко наоѓалиште од римско време. Личности Родени во Белотино:
Ирена Лазарова — учесник во НОВ на Македонија. Починати во Белотино: Вангел Митев Костадинов (1893 - 1921), деец на ВМРОМихайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 706. Лазар Атанасов (1898 - 1921), деец на ВМРО
Наводи
Надворешни врски Репортажа
Категорија:Села во Општина Струмица Категорија:Струмички села Категорија:Села во Македонија