Држани (понекогаш Држанци) — село во Општина Радовиш. Денес селото е целосно раселено.
Географија и местоположба Селото се наоѓа североисточно од Радовиш. Сместено е на јужната падина на планината Плачковица, на надморска височина од 700 м.
Историја Во XIX век Држани било турско село во Радовишката Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дражејца (Дражанци) имала 100 жители, сите Турци.
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Држанци живееле 194 Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.
Населението на селото драстично опаднало во 1950-тите години поради иселувањето на Турците. Така, од 284 жители во 1953 г. се свело на само 21 жител на пописот од 1961 г.Држани — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) Во текот на следната деценија бројот на жители се располовил, за селото да биде наполно испразнето во текот на 1970-тите. Според пописот од 2002 година, Држани немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Радовишки села Категорија:Села во Општина Радовиш Категорија:Раселени села во Македонија