мини|десно|Јохан Готфрид Пифке мини|180п|десно|Реклама од 1844 за музички настан во организација на Пифке

Јохан Готфрид Пифке (; 9 септември 1817 – 25 јануари 1884) — германски диригент, капелмајстор и композитор на воени маршеви, значаен претставник на пруската, а со тоа и германската воена музика.

Роден е во Шверин на Варта во Велекнежевство Позен (денешна Сквјежина, Полска). Во 1850-тите служел како диригент во VIII Пешадиски полк во Берлин, каде воедно и компонирал воена музика. Меѓу неговите познати маршеви се вбројуваат „Пруска слава“ (Preußens Gloria), „Марш на дибелските ровови“ (Düppeler Schanzen-Marsch) и „Кенигрецки марш“ (Königgrätzer Marsch, искомпониран по битка кај Садова (Кениграц) во 1866, решавачкиот судир во Австриско-пруската војна).

Пифке направил и аранжман на симфониската поема „Тасо“ од Франц Лист за воен оркестар, како и аранжмани на други Листови маршеви.

Починал во Франкфурт на Одра. Во септември 2009 во чест на Пифке е поставена „звучна скулптура“ од кортенски челик во местото Генсендорф, кајшто композиторот во 1866 раководел со воен оркестар заедно со брат му Рудолф„Споменик на Пифке“ - Frankfurter Allgemeine Zeitung, 15 септември 2009 Страница на споменикот на Пифке

Одликувања Пифке е одликуван со следниве медали:

„Дибелски ударнички медал“, 1864 „Златен медал на австроунгарскиот цар“, 1865 „Кралски орден на династијата Хоенцолерн“, 1869 „Железен крст“ II класа, 1870 „Орден на Пруската круна“, 1880

Занимливости Кениграцкиот марш бил еден од омилените маршеви на Адолф Хитлер и затоа често се свирел на јавните собири и дефилеа кајшто присуствувал.

Наводи

Категорија:Романтистички композитори Категорија:Германски композитори Категорија:Германски диригенти Категорија:Родени во 1817 година Категорија:Починати во 1884 година