Каратманово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, близина на патот Велес - Штип.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во југозападниот дел на Овче Поле, на околу 4 километри источно од Лозово, 13 километри северозападно од Велес и 24 километри југозападно од Свети Николе. Соседни села на каратманово се: Дорфулија и Џумајлија на исток и североисток, Кумарино и Мамутчево на запад и северозапад, Милино на север, и Кишино на југ.
Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Ограда, Џамалџи, Катрли, Коџадол, Комарлиечими, итн.
Историја Во народната традиција се наведува дека селата Каратманово, Џумајлија и Кишино биле најстари турски села во околината на Овче Поле. Селото Каратманово е основано во средината на XVIII век од 8 муслимански семејства. Од нив само две биле доселени од Арабија, а останатите од Мала Азија.
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската Каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 475 Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226. Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Каратманово живееле 475 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 232.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 520 жители, од кои 515 Македонци и 5 Турци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 430 жители, од кои 426 Македонци, 2 Турци и 2 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————7011953——765———...1—7661961535476......2...2—6191971554—17—...—...——5711981560—13———...1—5741991520—4———...——5241994464—5———...——4692002515—5——————5202021426—2—————2430
Родови Според податоците од 1957/58 родови во селото биле.
Турски: Инчолар (5 к.), Кесеџилер (2 к.), Мачелар (2 к.), Шеелер (5 к.), Џинџолар (3 к.), Тоскалар (1 к.), Бекшанлар (1 к.), Хусеинлар (2 к.), Фраклелер (3 к.) и Раман (1 к.). Родот Шеелер се бекташко, родот Тоскалар е од албанско потекло, основачот на родот е доселен од Јанина, Грција. Македонски: Македонски родови во селото се доселени почнувајќи од 1954 година, и тоа највеќе се доселени од кривопаланечкиот крај, и тоа од: Кркља (1 к.), Варовиште (4 к.), Б’с (1 к.), Дурачка Река (7 к.), Конопница (1 к.), Киселица (1 к.) и од Станча (50 к.). Потоа од Кратовско; Каврак (7 к.), Нежилово (1 к.), Луково (2 к.), Туралево (1 к.), Куново (1 к.). Потоа селото Зеленград (1 к.), и од разни села во Кочанско (7 к.). Албански: Во селото се доселиле и албански родови од 1954 година, и тоа од околината на Урошевац (10 к.), Пеќ (6 к.), Призрен (6 к.) и Гнилане (6 к.). Сите места се наоѓаат во Косово, но сите тие потоа се иселиле.
Општествени установи Црква „Покров на Пресвета Богородица“
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1710 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 328 гласачи.
Иселеништво Од селото Каратманово се иселил огромен број на жители, во постаро време се иселиле некои македонски родови. Па така во селото Ново Село, Велешко се иселиле родовите: Богојовци (4 к.), Караѓорѓевци (5 к.), Хаџиовци (2 к.) и Петрушевци (1 к.). Родот Неделковци (1 к.) се иселил во селото Новачани. Од турските родови се иселиле преку 100 семејства во периодот помеѓу 1954-1958 година. Иселениците живеат во Маниса, Измир и Истанбул.
Поврзано Овче Поле Општина Лозово Свети Николе
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Каратманово на Карти на Гугл
Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Лозово