Косово Дабје — село во Општина Делчево.

Географија и местоположба Косово Дабје — село во општина Делчево, во областа Пијанец.

Историја Селото Косово Дабје не е многу старо село. Порано името на ова село било Шопје, но подоцна е променето во Косово Дабје, од непознати причини.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Во 2002 година, во селото живееле 21 жител, Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 5 лица без податоци.

Родови Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Доселеници: Шопјето (15 к.) најстар род во селото и негови основачи. Како го добиле името е непознато. Доселени се околу 1788 година од некое село во Прилепско (прилепско Мариово); Илијовци (3 к.) доселени се во 1885 година од селото Турија; Димчовци (2 к.) доселени се во 1914 година од селото Бигла; Воложјето (3 к.) доселени се во 1905 година; Мијшинци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Драмче; Козарци (1 к.) доселени се во 1914 година од селото Цера; Кумкар (1 к.) доселени се во 1941 година од некое блиско село во Бугарија, од другата страна на границата (Тишаново некои мислат).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во селото постои избирачкото место бр. 0597 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево