Селник — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба Селник се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Бугарија. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 880 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 11,1 км2. Селото е оддалечено 17 км од Делчево.

Историја Во почетокот на XX век, Селник било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, шумите зафаќаат површина од 442 ха, на пасишта отпаѓаат 348 ха, а на обработливо земјиште 266 ха.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селник живееле 120 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 112 жители Македонци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 28 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Староседелци: Букарето (3 к.), Табаци (6 к.), Кратунци (4 к.), Ташовци (9 к.), Папунци (6 к.), Догазанци (5 к.), Деничини (3 к.), Лесовци (3 к.) и Шуманци (3 к.) Доселеници: Терзији (3 к.) доселени се во 1918 година од селото Смоличино кај Ќустендил во Бугарија.

Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.

Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0599 според Државната изборна комисија, кое е сместено во трпезаријата во дворот на црквата „Св. Петка“.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.

Културни знаменитости мини|десно|200п|Црквата „Св. Петка“ Археолошки наоѓалишта Кадин Чифлик — населба од доцноантичко време

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква

Личности Родени во Драмче Трајан Гоцевски (р. 1950) — македонски економист и политичар

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево Категорија:Раселени села во Македонија