За други значења на поимот видете на појаснителната страница

Турија — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба Турија се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, од лвата страна на реката Брегалница. Сместено е во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е ридско и од разбиен тип, а неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 620-800 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 4,9 км2. Од Делчево е оддалечено 19 км.

Историја Во почетокот на XX век, Турија било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство Селото има полјоделско-шумарска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 332 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 103 ха.

Население

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Турија имало 112 жители Македонци.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Турија живееле 102 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 41 Македонец, 1 останат и 4 лица без податоци.

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

Староседелци: Рударци (7 к.), Никовци (3 к.), Цековци (4 к.), Костовци (2 к.), Долномалци (4 к.), Војинове (2 к.) и Црнговци (6 к.).

Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од тогашната општина Бигла во склоп на Делчевската околија.

Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0603 според Државната изборна комисија, кое е сместено во старото основно училиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 72 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.

Културни знаменитости Археолошки наоѓалишта Ширините — населба од доцноантичко време

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево