Тработивиште — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во јужниот дел на територијата на Општина Делчево, на патот помеѓу Делчево и Пехчево, сместено непосредно од десната страна на реката Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри.

Атарот зафаќа простор од 22,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.144 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 634 хектари, а на пасиштата 291 хектар.

Селото се наоѓа во јужниот дел на областа Пијанец, во подножјето на планината Влаина, во близина на македонско-бугарската граница. Оддалечено е 11 километри јужно од градот Делчево и 17 километри севеерно од Пехчево.

Историја

Селото првпат се споменува под името Трботишско во 1347 - 1350 година во грамота на српскиот цар Стефан Душан (дв нив оть Трботишскаго мста).

Во век, Тработивиште било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Тработивиште имало 602 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тработивиште имало 320 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 300 Турци.

Селото во 1961 година било големо и броело 813 жители. Во 1994 година, бројот се намалил на 571 жител, од кои 488 биле Македонци, 77 Роми и тројца жители Турци.

Турското население, кое претставувало скоро една половина од жителите во селото до средината на век, се иселило и заминало во Турција. Денес, во селото е останато само едно турско семејство.

Според пописот од 2002 година, во селото Тработивиште живееле 533 жители, од кои 446 Македонци, 79 Роми, 5 Турци, 1 Србин и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 415 жители, од кои 303 Македонци, 4 Турци, 86 Роми, 2 останати и 20 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Тработивиште:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС .

Година Македонци Албанци Турци Роми Срби Вкупно 1948 — — — — — — — 867 1953 541 1 463 23 0 5 — 1.033 1961 698 0 66 — 19 30 — 813 1971 579 0 65 25 4 22 — 695 1981 551 0 26 60 2 17 — 656 1991 484 0 8 76 2 4 — 574 1994 488 0 3 77 1 2 — 571 2002 446 0 5 79 1 2 — 533 2021 303 0 4 86 0 2 20 415

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште во Тработивиште

Основно училиште „Св. Климент Охридски“ до IX одделение, подрачно училиште на ОУ „Св. Климент Охридски“ - Делчево. Пошта (2325) Амбуланта Дом на културата

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Тработивиште, во која единствено село било Тработивиште.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Тработивиште се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Разловци и Стар Истевник.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0591 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 426 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 409 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква

Џамии Џамија — селска џамија, сместена на сретсело

Личности

Родени во Тработивиште Воислав Кушевски (1921-1999) — историчар и универзитетски професорДимитар Димески, Воислав Кушевски (ин мемориам), Историја, XXXVI, 1–2, Скопје, 2000 Љубомир Белогаски (1911-1994) - македонски академски сликар и универзитетски професор

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево