Полето — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, на неколку километри од Делчево и припаѓа на неговата рурбална зона.

Историја Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство За селото не се води катастарска евиденција, па затоа не може да се прикаже структурата на неговото земјоделско земјиште.

Население

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 194 жители, од кои 186 Македонци и 8 Роми.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 192 Македонци, 2 Албанци, 1 останат и 3 лица без податоци.

Родови Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

Доселеници: Цопевци (4 к.) доселени се во 1900 година од селото Цера; Коловци (4 к.) доселени се во 1903 година од селото Бигла; Мораци (3 к.) доселени се во 1916 година од селото Бигла; Јанкуловци (2 к.) доселени се во 1910 година од селото Бигла; Митревци (2 к.) доселени се во 1914 година од селото Моштица; Илијовци (3 к.) доселени се во 1919 година од селото Вратиславци; Папурица или Папурички (2 к.) доселени се во 1928 година од селото Костин Дол; Соколовци (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Костин Дол; Мајмуно (1 к.) доселени се во 1931 година од селото Драмче; Стамболовци (2 к.) доселени се во 1932 година од селото Драмче; Чорбаџиовци (1 к.) доселени се во 1943 година од некое околно село.

Самоуправа и политика Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1950 година.

Избирачко место Во селото постои избирачко место бр. 0595 според Државната изборна комисија.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 109 гласачи.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Делчево