Леонардо да Винчи (; ― ) — познат италијански ренесансен архитект, инженер, вајар, уметник, сликар, изумител, анатом, ботаничар и астроном. Tој сакал да знае сè за природата, односно како таа работи. Леонардо бил многу добар во проучување, дизајнирање и изработка на секакви интересни работи. Најпознат е по неговите слики како Мона Лиза, Тајната вечера и Витрувиевот човек. Леонардо честопати размислувал за нови пронајдоци. Чувал тетратки со белешки и цртежи на овие идеи. Повеќето од неговите изуми никогаш не биле направени. Некои од неговите идеи биле хеликоптер, тенк, калкулатор, падобран, робот, телефон, еволуција и сончева енергија.
Многу луѓе мислат дека Леонардо бил еден од најголемите сликари на сите времиња. Другите сметаат дека тој бил најталентираната личност што некогаш живеела..Vasari, Boltraffio, Castiglione, "Anonimo" Gaddiano, Berensen, Taine, Fuseli, Rio, Bortolon, etc as quoted in della Chiesa, see Bibliography Историчарката по уметност Хелен Гарднер изјавила дека никој никогаш не бил како него бидејќи тој бил заинтересиран за толку многу работи што се чини дека имал ум на гигант, а сепак каков е тој како личност, сè уште е мистерија.„... Неговиот ум и личност ни изгледаат натчовечки, самиот човек мистериозен и далечен“. (Хелен Гарднер) Поголемиот дел од животот го поминал работејќи за богати италијански благородници. Во последните години живеел во прекрасен дом што му го подарил кралот на Франција.
Живот и творештво
Леонардо да Винчи е роден во Винчи, село кое е сместено во зелените прегратки на Тоскана, на падините на планината Монте Албано, во непосредна близна на Емполи, како незаконски син на адвокатот Сер Пјеро ди Антонио да Винчи (1426 - 1504) и селанката Катерина. Постојат претпоставки дека Катерина била робинка од Блискиот Исток, но фактите не се доволни за да се докаже оваа теорија. По раѓањето на Леонардо, нивната врска завршила и Леонардо останал да живее со татко му, кој истата година се преженил за 16-годишната Албјера ди Џовани Амадори. Неговата мајка, во 1457 год. се омажила за варничарот Акатабрига ди Пјеро дел Вака.Zöllner,Frank. Leonardo, Taschen, 2010. лево|thumb|200px|Куќата од детството на Леонардо во Винчи, Италија Прв период во Фиренца
Во 1469 год., Сер Пјеро изнајмил куќа во Фиренца и веројатно истата година, или малку порано, Леонардо ја започнал праксата кај познатиот живописец и вајар Андреа дел Верокјо (1436-1488), кој бил пријател со татко му на Леонардо. Учејќи кај Верокјо, Леонардо ги оформил своите интереси и се здобил со првите знаења одархитектурата, анатомијата, и математиката. Во 1472 год., Леонардо ја завршил обуката и бил примен во здружението на фирентинските уметници Св. Лука, што покажува дека тој веќе го достигнал нивото на професионална самостојност.
Во април 1476 год., Леонардо и три други млади мажи биле обвинети за хомосексуални односи (во тоа време, кривично дело) со 17-годишниот помошник Јакопо Салтарели, кој исто така бил познат и по сексуалните услуги. Во јули истата година, тој анонимно бил повторно обвинет, но сепак, никогаш не бил казнет.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 200. Обвиненијата биле отфрлени поради недостиг на докази и имало шпекулации дека бидејќи еден од обвинетите, Леонардо де Торнабуни, бил поврзан со Лоренцо де Медичи, семејството извршило влијание да се отфрлат обвиненијата. Елизабет Абот тврди дека, иако Леонардо веројатно бил хомосексуалец, траумата од овој случај го претвори во целибат, додека според Дејвид М. Фридман тетратките на Леонардо покажуваат преокупирање со мажите и со сексуалноста непопречено од судењето и се согласува со историчарот на уметност Кенет Кларк дека Леонардо никогаш не станал асексуален, а Мајкл Вајт, во Леонардо: Првиот научник вели дека е веројатно судењето едноставно да го направил Леонардо претпазлив и дефанзивен во врска со неговите лични односи и сексуалноста, но тој не ги прекинал интимните врски со мажите.
Од таа година многу е напишано за неговата претпоставена хомосексуалност и улогата што ја имала во неговата уметност, особено во андрогиноста и еротизмот што се манифестираат во Јован Крстител и Бахус и поексплицитно во бројни еротски цртежи.Michael Rocke, Forbidden Friendships epigraph, p. 148 & N120 p.298
Во текот на 1472 - 1480, Леонардо сè уште работел во работилницата на Верокјо, помагајќи му во изработката на некои негови познати дела како што е Крштевањето на Христос (1472 -1475), каде што Леонардо ги насликал ангелот и делови од пејзажот. Најраното познато дело на Леонардо потекнува од 1473 год. - цртежот Пејзаж на долината Арно, којшто денес се чува во музејот Уфици во Фиренца. Овој цртеж е еден од најраните познати автентични пејзажи во историјата на уметноста. Исто така, од овој период потекнува и сликата Благовештение (1472 -1475), која му се припишува на Леонардо, но тоа не е сосема проверено, туку е поверојатно дека негови се само некои делови (композицијата, пејзажот, фигурата на ангелот итн.). Додека работел кај Верокјо, Леонардо изработил и неколку сопствени помали дела, како: Мадона со каранфил (1475) и Мадона Беноа (1475-1478). Мадона со каранфил е првото дело за кое се верува дека е целосно насликано од Леонардо и во него јасно се гледа влијанието од фламанските мајстори и од делата со слична тематика, изработени од Верокјо. Покрај сликарството, Леонардо го изучувал и вајарскиот занает, за што сведочи скулптурата Дамата со јаглики од 1475 год., за која се верува дека е изработена од Леонардо.Phillips, John Goldsmith. "The Lady with the Primroses." The Metropolitan Museum of Art Bulletin, v. 27, no. 8, April, 1969, стр. 385-395.
Во годините кога Леонардо ја завршувал праксата кај Верокјо и се оформувал како самостоен уметник, во Фиренца постоела голема конкуренција од многу познати уметници, така што Леонардо добивал само порачки за малечки дела. Во 1478 год., веројатно со посредство на татко му, Леонардо ја добил првата самостојна порачка: да наслика олтарна икона во капелата на седиштето на тогашната општина, Палацо Векјо, но не ја завршил работата, а веројатно, воопшто не започнал да работи на ова дело, иако три месеци по потпишувањето на договорот, Леонардо добил аванс од 25 златни дукати. Истата година, по порачка на Бернардо Бембо, Леонардо го започнал Портретот на Џиневра де Бенчи (1478-1480), создаден под влијание на фламанските мајстори. Овој мал портрет е првото дело за кое постои сигурна документација дека е изработено од Леонардо. Во март 1481 год., веројатно повторно преку татко му (кој ги водел деловните работи за потребите на манастирот), Леонардо ја добил втората голема порачка: да ја наслика големата олтарна икона Восхитувањето на мудреците во Сан Донато а Скопето - манастирска црква во околината на Фиренца. Повторно, Леонардо не ја завршил работата, а недовршена останала и олтарната икона на Св. Хероним, започната малку порано.
Прв период во Милано
Во Фиренца, материјалната положба на уметниците била во тешка состојба. Поради лошата материјална состојба и неможноста да ги оствари своите планови, Леонардо бил принуден да побара работа во некој друг град. Затоа, кон крајот на 1482 или почетокот на 1483 год., тој се преселил во Милано - во тоа време еден од најбогатите италијански градови. Тогаш, со градот управувал војводата Лудовико Сфорца, познат како Лудовико ил Моро. Во неговиот двор, почналe да “доаѓаат“ поети, хуманисти и учени луѓе. Во 1482 или 1483 год., Леонардо му се обратил на Лудовико Сфорца со писмо, во кое му ги предложил своите услуги како воен инженер, а само патем споменал дека е сликар. Во тоа писмо, Леонардо ги опишал сите можни проекти на подвижни мостови, борбени машини и артилериски орудија.
Од 1483 до 1486 год., заедно со браќата Амброџо и Еванџелиста де Предис, а по порачка на францисканското братство од црквата Сан Франческо Гранде, Леонардо бил ангажиран на еден голем проект - да го наслика олтарот на малата црквичка посветена на Безгрешното зачетие. Притоа, Леонардо на насликал централната икона Богородица со Христос, малиот св. Јован и ангел, позната како Дева Марија на карпите, чија прва верзија ја завршил, веројатно, во 1486 год. По завршувањето на олтарот настанал жесток правен спор меѓу трите уметници и францисканското братство во врска со плаќањето: сето тоа довело до создавање втора верзија на иконата, при што, првата верзија била продадена на некој љубител на уметноста. Во следните неколку години, Леонардо не се занимавал интензивно со сликарство, туку повеќе се посветил на конструирање разни воени орудија, справи, машини, утврдувања, сложени одбранбени системи, опсадна опрема итн. На пример, од овој период потекнуваат неговите идеи за зголемување на огнената моќ на малите топови преку вградување автоматски систем за полнење на муницијата; нацртите на тешките оклопни коли и борбените коли со подвижни сабји; нацртите на летечките машини итн.
Исто така, во текот на 1487 и 1488 год., Леонардо работел како архитект-консултант во подготовките за изградбата на катедралата во Милано, правејќи бројни скици за централниот простор на катедралата. И покрај тоа што не бил непосредно ангажиран во нејзината изградба, сепак оваа работа била од голема важност за Леонардо, бидејќи токму во ова време се покажува колку тој е размислувал за проблемите на куполниот скелет и за различните архитектонски решенија. Цртежите докажуваат дека тој, всушност, имал експериментален обид со различни можни варијанти за тој проект. Големо место во творечката дејност на Леонардо да Винчи заземаат и хидротехничките проекти. Но, политичките и економските услови биле такви, што овие замисли не се остварени, додека тој бил жив. Такви проекти, Леонардо смислил во Фиренца, Милано, Рим, па дури и во Франција. Додека бил во Милано, тој ги разработил проблемите за напојувањето на „Ломелина“ — бесплодно место околу Милано. Во текот на 1494-1498 год., Леонардо раководел со градбата на каналот во Мартезана.
Леонардо се занимавал и со анатомија, уште додека учeл кај Верокjо, но, во Милано, во текот на 1487-1495 год., тој започнал да ги прави првите големи анатомски истражувања, поврзани со пропорциите на човечкото тело. Така, во април 1489 год., Леонардо започнал да работи на една книга, насловена како За човечката фигура, која останала недовршена. Постојат сведоштва дека Леонардо правел обемни систематски истражувања на пропорциите на човечкото тело, со месеци мерејќи ги телата на двајца млади луѓе, особено насочувајќи се врз пропорциите во состојба на седење и клечење. Пропорциите на човечкото тело, добиени врз основа на реални мерења, Леонардо ги споредувал со теоретските мерки на римскиот архитект Витрувиј и од овој период (1490 год.) потекнува познатиот цртеж Пропорциите на човечката фигура - т.н. Витрувијски човек. Во продолжение, Леонардо оставил и голем број скици на разни делови на човечкото тело, како што се: мерки на главата, профил на глава на маж, вертикални и хоризонтални пресеци на череп, надолжни пресеци на маж и жена во поза на полов однос итн. Притоа, од белешките кои ги правел Леонардо може да се согледа дека тој робувал на бројните заблуди за човечкото тело, вообичаени за Средниот век, како што се: сфаќањето дека човечкиот разум се наоѓа во точно одредена точка во мозокот; претставата за трите дела на мозокот, сите со големина на орев и подредени еден зад друг, во кои се примаат, обработуваат и чуваат сетилата; верувањето дека градите на жената се споени со матката преку еден канал, а дека тестисите на мажот се споени со ‘рбетниот мозок итн.