Алтона-Норд () се наоѓа во округот Алтона во градот Хамбург, Германија и е еден од 105 квартови на Хамбург.
Географија
Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот има вкупна површина од 2,2 км2.
Демографија
Во 2006, во квартот Алтона-Норд живееле 21.406 луѓе. 15,1% биле деца под 18 години, а 9,8% имале 65 или повеќе години. 22,9% биле странци. 1.689 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, 55,1% од сите домаќинства биле составени од поединци.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 19.424 19.633 19.853 20.113 20.288 20.297 20.542 20.635 20.586 20.562 20.497 20.433 20.725 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 20.701 20.949 21.030 21.125 21.246 21.158 21.406
Во 2006, се случиле 3.314 кривично дело (155 дела на 1.000 луѓе).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Образование
Во 2006, имало 2 основни и 4 средни училишта во Алтона-Норд.
Економија
thumb|left|Влезот во пиварницата Холстен
Holsten Brewery plc. се наоѓа во квартот.
Инфраструктура
Здравствен систем
23 лекари во приватни ординадии и 4 аптеки биле регистрирани во 2006.
Сообраќај
Алтона-Норд е опслужуван со системот на железничкиот сообраќај на градските возови преку станиците Холстенштрасе и Дибстајх.
Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Алтона-Норд биле регистрирани 5.682 приватни возила (269 возила на 1.000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Наводи
Надворешни врски
Хамбург-Алтона, локален весник Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, службена страница Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein
Категорија:Четрти во Хамбург