Индиски Потконтинент (или Јужноазиски Потконтинент) — регион во Азија сместен на Индиската Плоча од Хиндукуш (Хималаи) и ги опфаќа венците Кунлун и Каракорум, образувајќи копнена површина што се протега сè до Индискиот Океан. Напати се користи како синоним за јужна Азија.

Опфат Што сè влегува во Индискиот Потконтинент не е строго утврдено. Историски, ова е територијата на Голема Индија, која денес ги опфаќа земјите Индија, Пакистан и Бангладеш; пред 1947 биле дел од британска Индија. Во оваа дефиниција спаѓаат и Непал, Бутан и островската земја Шри Ланка, а понекогаш и Авганистан и Малдивите.

Регионот може да ја опфаќа и спорната територија Аксај Чин (дел од некогашното вазално кнежевство Џаму и Кашмир), денес во состав на кинескиот автономен регион Сјинџанг.Dale Hoiberg and Indu Ramchandani, Students' Britannica India (том 1‎), стр. 45, Popular Prakashan, 2000, ISBN 9780852297605 Кога се користи поимот „индиски потконтинент“ подразбирајќи ја јужна Азија, понекогаш се изземаат Шри Ланка и Малдивите како острови, а се вбројуваат Тибет и Непал (или и тие се изземаат intermittently, зависно од контекстот).

Географија

Географски, Индискиот Потконтинент е полуостровски регион во јужна и средна азија, во облик на баклава ограничена со Хималаите на север, Хиндукуш на запад и Чинските Ридови (Аракански Планини) на исток, а на се протега до Индискиот Океан, до граничното подрачје со Арапското Море на југозапад и Бенгалскиот Залив на југоисток. Сметајќи ги сите седум земји, потконтинентот зафаќа површина од 4,4 милиони км2, што претставува 10% од површината на Азија и 2,4% од целиот свет. На него живеат 34% од населението на Азија (16,5% од светското население) со најразлични народи и култури.

Геологија Најголемиот дел од регионот лежи на своја тектонска плоча наречена Индиска Плоча и е одделен од останатиот дел од Азија со планини.Азија > Геологија и географија. The Columbia Electronic Encyclopedia, VI изд. Columbia University Press, 2003Азија > Геолошка историја - Тектонски рамки. Encyclopædia Britannica 2009 Пред 250 милиони години Индискиот Потконтинент бил составен дел од суперконтинентот Пангеја. Во периодот Креда (пред 90 милиони години) се одделил од Гондвана, а потоа се поместил на север, судирајќи се со Евроазиската Плоча и така создавајќи ги Хималаите и Тибетската Висорамнина. Потконтинеотот продолжува да се движи кон севрозапад по 5 см годишно, со што Хималаите постепено растат во височина.

Поврзано

Индокина Јужна Азија SAARC

Наводи

Категорија:Јужна Азија Категорија:Географија на Азија Категорија:Полуострови во Азија Категорија:Региони во Азија