Прстен (или Пристан) — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Валандово, чиј атар се допира со подрачјето на општините Дојран и Струмица. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 260 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 14 километри.

Селото се наоѓа на јужните падини на Беласица, во близина на државната граница со Грција.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 2,1 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 123 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 53 хектари, додека на пасиштата само 20 хектари.

Население

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 14 домаќинства со 32 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прстен живееле 750 жители, сите Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Прстен имало 67 жители, сите Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, во селото имало 100 Турци.

Селото е мало и е населено со турско население. Тоа во 1961 година имало 78, а во 1994 година 105 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Прстен имало 68 жители, сите Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 1 Албанец и 29 Турци.

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Сретселото мини|300п|десно|Селската џамија

На крајот од XIX век, Прстен било главно турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел на тогашната општина Дедели, во која покрај селото Прстен се наоѓале селата Дедели, Казандол, Собри, Татарли и Чалакли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Чалакли, во која влегувале селата Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0298 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на продавница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 44 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Џамии Џамија — главна селска џамија

Реки Прстенска Река — река низ селото

Водопади Прстенски Водопад — водопад во близина на селото

Галерија

Поврзано Општина Валандово Валандово Бојмија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово