Книжевен музеј на модерната (герм. Literaturmuseum der Moderne, LiMo) — музеј посветен на книжевноста на модернизмот (модерната) во состав на Германскиот книжевен архив (Deutsches Literaturarchiv) во градот Марбах на Некар, Германија
Музејот е отворен во септември 2006 г. и е дело на архитектот Дејвид Чиперфилд, поради кое во 2007 ја освоил престижната Стерлингова награда.. Изградбата чинела 10 милиони евра. Изведувач е Leonard Weiss GmbH, а инженерското решение е на Ingenieurgruppe Bauen.
Сместен е на карпеста висорамнина во пејзажниот парк во Марбах и гледа на долината на реката Некар. Во музејот се изложени и со архивирани ракописи и материјали поврзани знаменити книжевни дела од XX век. Меѓу позначајните ракописи се вбројуваат „Процес“ од Франц Кафка и „Берлин Александерплац“ од Алфред Деблин.
Поврзано Модернизам Германска книжевност Марбах на Некар
Надворешни врски Дејвид Чиперфилд изгради музеј во Германија Германски книжевен архив - Марбах Книжевен музеј на модерната - World Architecture News
Категорија:Згради и градби од 21 век Категорија:Архиви во Германија Категорија:Згради и градби во Баден-Виртемберг Категорија:Историја на книжевноста Модерната Категорија:Модернизам Категорија:Германска книжевност