Брук Криста Шилдс (родена на година) — американска глумица и модел. Некои од нејзините попознати филмови се: „Убавото бебе“, „Сината лагуна“ како и телевизиските шоуа: „Саденли Сузан“, „Тоа шоу од 70-те“ и „Липстик Џангл“.
Рани години
Брук Шилдс е родена во Менхетен, Њујорк од татко Френк и мајка Тери Шилдс, кои се развеле неколку месеци откако таа се родила. Од страна на нејзиниот татко, таа има италијански, француски, ирски и англиски корени, заедно со висока социјална позиција и благородни врски. Нејзината баба од страна на нејзиниот татко била италијанската принцеза Дона Марина Торлонија.
Нејзината мајка има германско, англиско, шкотско, ирско и вечшко потекло Шилдс пораснала со римокатоличка вера. Има два полубраќа и три полусестри..
Кога Шилдс имала само пет дена, нејзината мајка отворено изјавила дека сака таа да биде активна во шоу бизнисот: „Таа е најубавото дете и ќе и помогнам со нејзината кариера”. На 10 години, таа го присвоила нејзиното средно име „Камил“. Додека посетувала средно училиште таа живеела во Хаворт, Њу Џерси. На 12 години глумела дете кое се проституира во филмот „Прити Бејби“. Илејн Форд, основач на агенцијата „Форд Моделинг”, за Брук Шилдс изјавила: „...Таа е професионално дете и е единстнеа. Изгледа како возрасна и размислува како таква.
Образование
Таа го посетувала приватното училиште Њу Линколн до осмо одделение<ref>[http://www.people.com/people/archive/article/0,,20072596,00.html People.com: Brooke Shields] Retrieved June 28, 2011</ref>. Шилдс матурирала во училиштето Двајт Инглвуд (The Dwight Englwood) во Инглвуд, Њу Џерси во 1983 година по кое се запишала на универзитетот Принстон во потрага кон нејзината диплома за француска литература, дипломирајќи во јуни 1987 година.
Додека била на универзитетот Принстон таа зборувала отворено за нејзината сексуалност и девственост. Шилдс во тоа време била член на театарот Принстон Триангл Клаб и клубот Кап енд Гаун Клаб. Нејзината автобиографија On Your Own била издадена во 1985 годинаShields, Brooke (1985) On Your Own New York: Villard Books pp. 220 OCLC 11915327. Нејзината сениорска теза од 1987 година била насловена како „Свеченото претставување: Од наивност до искуство: Пред адолесентско/адолесентско патување во филмовите на Луис Мал, Прити Бејби и Лакомб Лусиен“.
Во статијата од весникот The New York Times, нејзиното образование на Принстон било внимателно разгледано откако таа ги соопштила нејзините училишни регистри во изданието на списанието Life Magazine во јули, кратко по нејзиното дипломирање. Критиката изјавила дека Шилдс не земала никакви курсови по историја, математика, филозофија, економија, светска литература или наука со лабораториско искуство. Кариера Почетна работа
Брук Шилдс ја започнала својата кариера како модел во 1966 година, на возраст од 11 месеци. Нејзината прва работа била за производите на Ivory Soap, снимена од Франческо Скавуло. Таа продолжила како успешно дете во модата со модниот агент Илејн Форд, која во нејзината животна биографија изјавила дека го започнала нејзиниот детски оддел само за Шилдс. Во почетокот на 80-те години, 14 годишната Шилдс била најмладиот модел некогаш која се појавила на насловната на врвното модно издание на магазинот Vogue Magazine. Подоцна истата година, Шилдс се појавила во контроверзно издание и телевизиски реклами за фармерките на Келвин Клејн. Телевизиските реклами вклучувале и изговарање на познатиот слоган, „Дали знаете што се наоѓа помеѓу мене и моите Калвинс? Ништо.”Style.com Brooke Shields. Рекламите на Брук Шилдс му помогнале на Клејн за катапулт на неговата кариера за супер дизајнерски статус.
Од 1981 до 1983 година, Брук Шилдс, нејзината мајка, фотографот Гери Грос, списанието Плејбој, судскиот систем Њујорк биле вклучени во парница за правата на некои фотографии што нејзината мајка ги откажала на фотографот (кога се справувате со модели кои се исто така малолетни, родител или старател мора да потпише такво издавање додека другите договори се предмет на преговарање) кои оригинално биле определени да се појават во книга насловена „Sugar and Spice“ за да бидат издадени во списанието Плејбој. Судот изгласал во полза на фотографот но со чудно извртување на законот во Њујорк.
До својата 16 годишна возраст, Шилдс станала една од најпознатите лица во светот, поради нејзината двократна кариера како провокативен модел и контроверзна глумица како дете. Списанието Time во своето издание од 9 февруари 1981 година, изјавило на насловната страна дека нејзината дневна проценка била 10.000 американски долари. Во 1983 година, Шилдс се појавила на насловната на септемвриското издание на париското издание Vogue, во октомвриското и ноемвриското издание на американското списание „Вог” и во декемвриското издание на италијанското списание „Вог”. За време на тој период Шилдс станала редовна во ноќниот клуб „Студио 54“ во градот Њујорк. Во 2009 година, слика од Брук Шилдс гола, сликана кога таа имала 10 години, вклучена во работата „Spiritual America“ на Ричард Принс создала голема врева. Истата била отстранета од изложбата во уметничката галерија „Tate Modern“ по предупредување од полицијатаTate Modern removes naked Brooke Shields picture after police visit - Charlotte Higgins and Vikram Dodd - The Guardian - Sept 30 2009. Филм
Првата главна улога на Шилдс во филм е нејзиното појавување во 1978 година во филмот „Прити Бејби“ на Луис Мал, филм во кој таа глумела дете кое живее во јавна куќа (и во кој постојат бројни сцени со голотија). Бидејќи имала само 12 години кога филмот бил издаден, и најверојатно 11 години кога бил снимен, се поставувале прашања околу детска порнографија.McMurran, Kristen. "Pretty Brooke" , People (May 29, 1978).Canby, Vincent. "Critic's Pick: Pretty Baby," New York Times (April 5, 1978).Ebert, Roger."Pretty Baby," Chicago Sun-Times (June 1, 1978).. Ова било следено со незначително помалку контроверзен филм „Ванда Невада“ во 1979 година.
По две децении на филмови, нејзините најпознати филмови се сè уште дискутабилни, „Сината лагуна“ од 1980 година, кој вклучувал бројни сцени со голотија помеѓу тинејџерски љубовници на тропски остров. (Шилдс подоцна сведочила пред Американскиот Конгрес дека повозрасни лица биле заменети во некои од сцените), и филмот „Бескрајна љубов“ од 1981 година. Американското здружение за филм отпрвин го вброил филмот како само за возрасни, над 17 години. Сепак, филмот бил преиздаден за да биде вброен како забранет, но лицата под 17 години да бидат придружувани од родител или старател. Таа ја освоила наградата „Избор на гледачите“ во категоријата за омилен млад изведувач во четири понатамошни години, од 1981 до 1884 година. Во 1998 година, ја глумела лезбејката Лили во филмот „The Misadventures of Margaret“.
Во 2001 година, телевизиската мрежа „Lifetime“ го издал филмот „Што го сочинува семејството“ во главна улога со Брук Шилдс и Чери Џоунс во вистинска животна приказна на две женети мајки лезбејки и бебе наспроти законите за посвојување во Флорида. Телевизиски појавувања Брук Шилдс се појавила во бројни телевизиски шоуа. Во 1980 година, таа била најмладата ѕвезда која гостувала во “The Muppet Show“ во кој таа и учесниците од Мапет шоуто измислиле своја верзија на новелата „Авантурите на Алиса во земјата на чудата“. Исто така била најмладата која гостувала во серијата „Fridays“ на телевизијата ABC, „Саботна вечер во живо“, како комедиско шоу, во 1981 година. Во една епизода од популарната комедија „Пријатели“, Шилдс го глумела ловецот на Џои. Улогата водела директно до тоа да и се додели улога во комедијата „Suddenly Susan“ на телевизијата NBC, во која глумела од 1996 до 2000 година, и со која добила награда од „Избор на гледачите” во категоријата омилен женски изведувач во нова телевизиска серија за неа, во 1997 година, и две номинации за „Златен глобус“.
Во почетокот на 80-те години, учествувала во „Јавниот здравствен сервис на САД“ спонзориран од волонтерската организација “Американско здружение за бели дробови” како иницијатива дека познатите личности треба да бидат пример и борци за непушењето. Во средината на 80-те години, Брук ја започнала нејзината поддршка со организацијата „United Service Organizations“ на турнеја со Боб ХоупUSO History Retrieved February 11, 2011.
Шилдс имала неколку појавувања во серијата „Тоа шоу од 70-те“. Ја глумела Пем Буркарт, мајката на Џеки (Мила Кјунис) која подоцна била накратко вмешана со таткото на Дона (Лаура Припон), во улога на Дон Старк. Шилдс ја напуштила серијата кога нејзината улога била отпишана. Шилдс го забележала раскажувањето на книгата „The Runaway Bunny“ за продукцијата „Sony/BMG“.
Во подоцнежната половина на првата декада од 21 век, Шилдс гостувала во шоуата како: серијата „Нип/Так“ на каналот Еф Екс (FX) и серијата „Два и пол мажи“. Во 2005 година, Шилдс се појавила во две епизоди од сезоната на серијата „Придружба“ на каналот HBO, насловена како „Blue Balls Lagoon“. Во 2007 година, таа гостувала во серијата „Хана Монтана“ во продукција на Дизни, како Сузан Стјуарт, мајката на Мајли и Џексон, која починала во 2004 година. Во 2008 година, се вратила на драмата „Lipstick Jungle“. Серијата завршила една година подоцна.
Во 2010 година, Брук Шилдс гостувала во комедијата „Средината“ како сосетка на Френки, улогата на Патриша Хитон"The Middle: A Double Whammie" 30 December 2009, TV Grapevine. Исто така се појавила како славна личност во генеолошката документарна серија „Кои мислите дека сте вие?“ на телевизијата NBC, каде било откриено дека по потеклото на нејзиниот татко, таа е далечна роднина на Кралот Луј XIV од Франција, а со тоа потомок и на Свети Луј и Хенри IV од ФранцијаBio Who Do You Think You Are, NBC web site. Театар Брук се појавила во неколку театарски продукции на Бродвеј, вклучувајќи ги мјузиклите „Грис“ во 1994 година, како Бети Ризо, преродбата на мјузиклот „Кабаре“ во 2001 година, преродбата на мјузиклот „Прекрасен град“ од 2004 до 2005 година, и мјузиклот „Чикаго“. Ја преземала улогата на „Мортиша” во мјузиклот „Фамилијата Адамс“ на 28 јуни 2011 година, во продукција на БродвејAllen, Olivia.Brooke Shields plays Morticia in Broadway's musical comedy The Addams Family" ontheredcarpet.com, June 29, 2011.
Личен живот
Во јуни 2009 година, во дел од списанието „Здравје“, Брук Шилдс открила дека ја изгубила својата невиност на 22 годиниUS Magazine, December 4, 2014 Dean Cain on Brooke Shields Losing Her Virginity. Рекла дека ќе се случело и порано ако имала подобра слика за себесиHuffington Post.com, May 25, 2009 Brooke Shields: I Lost My Virginity At 22 and Health Magazine, June 2009..
Во средината на 80-те години, Шилдс се забавувала со нејзиниот соученик Дин Кејн. Шилдс исто така била поврзана со Џон Еф Кенеди, глумецот Лијам Нисон и пејачот Џорџ Мајкл. Таа се гледала и со Принц Нарухито од Јапонија. По романтичен период со Џон Траволта, шеснаесет годишната Брук Шилдс се забавувала со 18 годишниот Мухамед, син на милијардерот и трговец на оружје Аднан Касоџи, во Кан каде што првпат се запознале. На 18 години, Брук Шилдс го запознала Доди Фејд и станале пријатели. Брук имала 24 години кога ја поминала вечерта со Доди Фејд во Париз за да го прослават неговиот 33-ти роденден.
Во 90–те години, Брук Шилдс ја излагала својата градба како ширење на нејзината женственост, промовирајќи го природниот фитнес како проширување на женственоста, покажувајки дека женственоста и спортот се постојани повеќе отколку апсурдни. Иако не била единствената, Шилдс го имала потребното за да го промовира женскиот спорт.
Брук била мажена двапати. Од 19 април 1997 година, Шилдс била мажена со професионалниот играч на тенис, Андре Агаси, двојката била заедно уште од 1993 година. На 4 април 2001 година, се омажила со телевизискиот уредник Крис Хенчи откако се запознале во 1999 година преку заеднички пријатели"Brooke Shields battles postpartum depression" . MSNBC. May 7, 2009. Retrieved June 20, 2010.. Двојката имала две ќерки: Роуан Френсис (родена на 15 мај 2003 година) и Гриер Хемонд (родена на 18 април 2006 година), и живеат во Менхетен.