Пендиметалин е хербицид за спречување на појава и уништување на едногодишни треви и некои широколисни плевели. Ја инхибира клеточната делба и клеточното издолжување. Одобрен е за употреба во Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Африка, Азија и Океанија за различни култури, вклучувајќи ги житните култури (пченица, јачмен, ’рж,), пченка, соја, ориз, компир, мешункасти плодови, овошје, зеленчук, како и тревници и украсни растенија.
Наводи
Категорија:Анилини