Лох Неј ( [], ) — големо езеро во Северна Ирска, сместено во североисточниот дел на островот Ирска. Со површина од , ова е најголемото езеро на Британските ОстровиПортал на Туризам Ирска Britannica.com и задоволува 40 % од водоснабдителните потреби на Северна Ирска. Сопственик на езерото е Ерлот од Шафтсбери.Статија за преговорите околу сопственоста, „Белфаст телеграф“
Географија Езерото се наоѓа на 30 км западно од градот Белфаст, а има димензии од 30 км во должина и 15 км во ширина. Деловите крај брегот се многу плитки, а просечната длабочина на езерото во целина изнесува 9 м. Достинува најголема длабочина од 25 м.
Хидрологија Од вкупното сливно подрачје од , околу 9 % ѝ припаѓа на Република Ирска, а 91 % на Северна Ирска. Вкупно 43 % од земјиштето во Северна Ирска се исцедува во Лох Неј,Служба за реки на Северна Ирска кое самото се празни во морето на север, преку реката Бан. Како еден од изворите на горното течение на Бан (Горен Бан), езерото може да се смета за дел од реката.
Населени места На бреговите на езерото се расположени следниве населени места: Крејгавон, Антрим, Крамлин, Рандалстаун, Тумбриџ, Балиронан, Балиндери, Муртаун, Ардбо, Махери, Лурган и Махерафелт.
Управа мини|десно|Грофовии во Северна Ирска Грофовии На езерото излегуваат пет од шесте грофовии во Северна Ирска (сите освен Фермана), па така и самата водна површина е поделена помеѓу нив. Тие се следниве (наброени надесно):
Антрим (источна половина на езерото) Даун (мал дел на југозапад) Арма (југ) Тирон (запад) Лондондери (краен северозапад)
Употреба Езерото се користи за рекреативни и стопански цели. Меѓу стопанските спаѓаат водоснабдувањето и индустрискиот лов на јагули.
Во XIX век се изградени повеќе канали, за да ги поврзат крајезерските места со пристанишните градови. Тие се: Лаганскиот Канал (поврзува со Белфаст), Њурискиот Канал (поврзува со Њури) и Алстерскиот Канал, кој поврзува со Лох Ерн, а оттаму преку реката Шанон со градовите Лимерик, Даблин и Вотерфорд. Друга врска е долното течение на реката Бан (Долен Бан), преку која се доаѓа до Колрејн, а во околината се наоѓа и краткиот Колајлендски Канал за превоз на јаглен. Од сите овие водни патишта, денес функционира само долното течение на Бан, но се изготвува и план за враќање на Алстерскиот Канал во стопански пловна состојба.
Покрај вообичаените езерски рекреации, Лох Неј е привлечно место за набљудувачи на птици од разни земји поради бројот и разновидноста на птиците што презимуваат и летуваат во тресетиштата околу езерото.
Легенда Според едно старо предание, езерото настанало кога легендарниот џин Фин мак Кумал зграпчил огромна грутка од земјата и ја фрлил кон негов соперник во Шкотска. Меѓутоа, џинот промашил, и грутката паднала во Ирското Море, и така настанал островот Ман.
Галерија
Поврзано Лох Кориб Лох Дерг Лох Ерн Список на езера во Ирска
Наводи
Надворешни врски
Откријте го Лох Неј Национален природен резерват „Остров Оксфорд“ Лох Неј во Енциклопедија Британика Лох Неј — Голема руска енциклопедија Спасителна служба на Лох Неј
Категорија:Езера во Северна Ирска Категорија:Езера во Ирска